Внимателно по пат
19 ноември 2024Реклама
Зимата го потврди своето присуство во германската покраина Саксонија со врнежи од снег во ниските планински масиви и лизгави патишта. Како што соопшти Германската метеоролошка служба, изутрината во регионите над 600 метри надморска височина наврнале и до пет сантиметри свеж снег. Според прогнозата, на планините над 700 до 800 метри надморска височина повторно ќе паѓа снег кој подоцна ќе премине во дожд. На фотографијата направена со дрон, автомобил вози по пат што се извива низ шума покриена со снег во близина на Телерхојзер во Саксонија.